Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Редакцијата sdk.mk со пријава до МВР за фалсификување на логото и ширење на лажни вести

0
By Нова ТВ on June 19, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: sdk.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК (www.sdk.mk) денеска поднесе кривична пријава до Министерството за внатрешни работи (МВР) против непознат сторител за фалсификување на логото и ширење лажни вести. Со лажна вест вчера е фалсификувано логото на САКАМДАКАЖАМ.МК и на социјалните мрежи се шири твит од еден од лидерите на движењето „Бојкотирам“ со наслов што не постои на нашата платформа.

Кривичната пријава е поднесена против против НН лице корисник/сопственик на твитер профил со назив @realLOshGZE, поради сторено кривично дело согласно Член 205 став 5 од Кривичниот законик кој вели: „Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неизлечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеци“.

 

Во пријавата се истакнува дека со фалсификатот се врши злоупотреба на трговската марка на САКАМДАКАЖАМ.МК за ширење лажни вести, преку кои се загрозува здравјето на граѓаните и се шири паника, а со тоа се врши кривично дело согласно Член 285 од Кривичниот законик.

 

„Лажните вести кои создаваат неоснована паника имаат долгорочни последици и врз општествената состојба, но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби мораат да бидат законски санкционирани затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника“, се вели во пријавата.

Во пријавата се бара МВР да преземе соодветни истражни дејствија, да се обрати до надлежното обвинителство за да се најде пријавеното НН лице или група која стои зад твитер профилот @realLOshGZE. Тоа ќе овозможи Обвинителството да поднесе обвинителен предлог пред Основниот кривичен суд Скопје за овие кривични дела.

sdk.mk лого МВР пријава фалсификат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.