Над 50 проценти од запишаните 19.458 гласачи во Гевгелија излегле на гласање на денешниот реререндум, соопштуваат избирачките одбори од вкупно 37 гласачки места. Со тоа, референдумот за тоа дали се за или против изградба на рудници на Кожуф го исполни законскиот праг за успешност.
Според Општинската изборна комисија излезноста е 58 отсто и досега нема ниту пријавено ниту регистрирано проблеми на гласачките места.
Референдумот во Гевгелија го иницираа граѓанските активисти од „Спас за Гевгелија“, а одлуката за одржување ја донесе Советот на Општината. Граѓаните се изјаснуваат дали да се дозволи експлоатација на минералични суровини на територијата на Општина Гевгелија, откако канадски фирми по повеќегодишни детални геолошки истражувања на планината Кожуф, бараат концесија за експлоатација на злато и бакар.
Конечните резултати за излезноста и изјаснувањето на граѓаните ќе бидат познати по 20 часот.