Референдумот во Гевгелија досега тече мирно и без проблеми. Точно 11 отсто од гласачите имаат излезено до 10 часот, а до вечерва до 19, за успешен референдум потребни се 50 отсто плус еден да излезат и да гласаат.
Изјаснувањето за отворање на рудници на планината Кожуф се одвива на прашањето „Дали сте за или против давање дозвола за експлоатација на минералични суровини на територијата на Општина Гевгелија?“.
Дека нема нарушувања информира и невладината Цивил која со свои набљудувачи е во Гевгелија.
Освен од Цивил, референдумското изјаснување во Гевгелија го следат околу 60 наблудувачи, а вчера гласаа затворениците и болните.