Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Рекет“ – епизоди со специјално-обвинителски искази и партиски обвинувања

0
By Нова ТВ on August 17, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 17, 2019 10:33

Официјалните активности на Обвинителството за расветлување на случајот „Рекет“ вчера продолжија со исказ на Бурим Рустеми, третиот обвинител од Специјалното јавното обвинителство (СЈО) кој сведочеше на прашања поврзани со истрагата „Поштенска банка“. Покана за исказ е испратена и до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и се очекува таа да сведочи во вторник во Одделот на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителот Рустеми по исказот изјави дека одговорил на сите прашања за кои што се интересирала обвинителката и ги дал сите информации.

„Ја кажав вистината и сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата, во делот на настаните поврзани со предметот „Поштенска банка““, рече Рустеми. Пред него, од почетокот на неделава искази во Обвинителството за случајот „Рекет“ дадоа и специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Нивната шефица Јанева, пак, по информациите за несогласувања во СЈО, вчера негираше дека наредила претрес на нејзините соработници при влез и излез од зградата на СЈО, објаснувајќи дека е недоразбирање, наспроти таквите завчерашни тврдења на обвинителката  Фатиме Фетаи.

„Не е точно дека сум издала таква наредба, се работи за недоразбирање. Не сум расположена за повеќе разговор“, вели изјави Јанева, која истовремено со објавата за истрагата на „Рекет“, на 15 јули, депонира оставка условена со носењето на новиот закон за обвинителство, по што користеше боледување, како и еднонеделен одмор, а пред пет дена се врати на работа во СЈО.

Паралелно со случувањата во ОЈО и во СЈО лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски вчера на прес-конференција ја обвини власта и премиерот Зоран Заев дека стојат зад „Рекет“ и ги штитат осомничените и криминалот. Од владејачката СДСМ му порачаа дека нема да успеат неговите обиди да ги одбрани, како што велат, криминалите на тајкуните на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски, „Рекет“ не е можен без поддршка и знаење на Заев, а како што посочи, Јанева се уште го води компромитираното СЈО и треба дополнително да се испита улогата и на сите други обвинители и помошници и можноста за постоење други вакви случаи. Го праша премиерот на што се должи заладувањето на неговата реторика кон Јанева и кон првообвинетиот за „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13, а му порача и дека не може да помине неговиот предлог, како што нагласи, „компромитираното СЈО да го преслика во обвинителскиот систем“. Тврдењата за негов контакт со второсомничениот во „Рекет“, Зоран Милески Кичеец, како што рече, се обид на власта да го вмеша во „Рекет“.

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, пак, изјави дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одработуваат за тајкуните на режимот и обвинетите криминалци, надевајќи се дека ќе ја поткопаат правната држава, оти нема да успее да се донесе новиот закон за ЈО, дека нема да станеме членки на ЕУ и НАТО, а вистинските криминалци да ги спасат и оти пробуваат да ги претстават како жртви.

„Нема да успеат твоите обиди да ги загрозиш случаите што се водат против криминалците и  криминалите на режимот, на твојот шеф, ниту вашите тајкуни“, рече Костадинов.

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец се во притвор и се товарат за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Првоосомничениот Б.Ј. го товарат и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Во фокусот на јавноста од пред две недели беа и разговорите објавени во „Ла верита“ поврзани со овој случај.

Реакции и апели за расветлување на „Рекет“ со ефикасна и темелна истрага постојано упатуваат како домашната јавност, така и меѓународната заедница, со главата порака дека разврската е тест за правната држава.

ВМРО-ДПМНЕ искази истрага ОЈО; СЈО СДСМ Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.