Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ременски утре на распит за Рекет: Не како сведок, туку е лице што треба да даде потребни известувања

0
By Нова ТВ on September 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 3, 2019 15:06

Потпретседателкта на Собранието и пратеничка на СДСМ, Фросина Ременски, утре ќе даде исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“. Таа не е повикана како сведок, туку како лице што треба да даде потребни известувања, според правната дефиниција која ја дознава НОВА.

Во вакво својство вчера во Обвинителството беше повикана и Лила Филиповска.

Ременски е почесна претседателка на „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13, кој е осомничен во „Рекет“. Таа неодамна е разрешена од партиската функција потпретседател на СДСМ.

Ременски неодамна побара од порталите Инфомакс и Република да ги повлечат текстовите во кои ја клеветат дека е поврзана со аферата Рекет, во спротивно најави дека и таа ќе се приклучи на заедничката тужба која ја најави премиерот Заев.

„Со оглед на фактот дека, лицитирањето со вината и манипулирањето со ширење на дезинформации и клевети за мене и за мојот сопруг ги сметам за напад врз мојата чест и углед, што повлекува и чувство за загрозување на мојата безбедност, ќе ги преземам сите законски дозволени средства за заштита.

На „Инфомакс“ на 23.08 беше објавен документ (записник) од исказ на лице за кривично-правен настан кој е предмет на актуелнa истрага во ОЈО за организиран криминал и корупција. Селективното презентирање на содржината од објавениот записник со манипулирање и насочување кон заклучоци и новинарски интерпретации за некаква моја вмешаност и вмешаност на мојот сопруг во случајот Рекет, ги ценам како груби клевети и невистини. Овој текст продуцираше написи и наслови во други портали со иста содржина.

Обвинителството ги има на располагање сите права и обврски да ја утврди точноста на сите дејствија за сите спомнати во записникот. Медиумскиот суд не може да биде замена за институционално постапување“-напиша Ременски на својот фејсбук профил на 24 август.

Денеска сопственикот на „Дрим Билдинг“ Ардијан Амзоски беше во Обвинителството за гонење организиран криминал каде даваше исказ во својство на лице од кое можат да се добијат потреби известувања, додека во меѓувреме во неговата фирма влегоа инспектори на УЈП кои вршат контрола на финансиските трансакции поврзани со случајот „Рекет“, дознава НОВА.

Неофицијално, се испитува договорот склучен меѓу оваа компанија и Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски и каде завршиле парите.

Се врши контрола на работењето на фирмата од 1.01.2017 до 31.08.2019 година.

Името на Амзоски се поврзуваше со Бојан Јовановски на чија сметка префрлил 261.853 евра за изградба на старечки домови.

Откако зделката пропаднала, Амзоски поднел тужба за да си ги врати парите.

Фирмата „Дрим билдинг“ неодамна преку соопштение демантираше дека на Боки 13 му платиле 261.853 евра за специјалната обвинителка Катица Јанева да го повлече обвинението против нив.

-Фирмата ’Дрим билдинг‘, во сопственост на таткото на Ардијан Амзоски, Селадин Амзоски, и на Ресул Лога, склучила договор за стратешко партнерство и деловна соработка со Меѓународниот сојуз на ден 28.12.2017. Договорот во име и за сметка на ’Дрим билдинг‘, со уредно полномошно, го склучува Ардијан Амзоски. ’Дрим билдинг‘, согласно тој договор се обврзал да плати износ од 261.853 евра на Меѓународен сојуз т.е. на координаторот на проектот лицето Јасна Мандиќ. ’Дрим билдинг‘ ги исполнил во целост своите обврски од договорот, а за жал Меѓународниот сојуз и Јасна Мандиќ не го испочитувале договорот. Бидејќи Меѓународниот сојуз и Јасна Мандиќ одбија доброволно да ги вратат парите кои им беа платени, ‘Дрим билдинг’ поднесе тужба пред Основниот граѓански суд во Скопје“, се вели во соопштението од компанијата.

Амзоски по денешниот распит кај Русковска не даде изјава.

„Дрим билдинг“ беше инвеститор на комплексот „Космос“ за чие уривање се води судски предмет од СЈО познат како „ТНТ“. Одбраната на претходното рочиште побара да се утврди дали има поврзаност меѓу парите што ги упатил Амзоски и повлекување на обвинението за него од страна на Катица Јанева.

Адвокатите тврдат дека Јанева, откако го презела случајот од Јавното обнвинителство, го повлекла обвинението против сопственикот на струшката фирма, кој подоцна уплатил пари на сметката н Меѓународниот сојуз. Според исказите на адвокатите „Дрим билдинг“ упатил 261.853 евра иако годишниот приход на фирмата бил драстично помал.

 

 

Обвинителство за организиран криминал Рекет Ременски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.