Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рендевски: Високиот процент на антитела кај граѓаните, од 75 до 86 отсто, не значи дека имаме колективен имунитет

0
By НОВА ТВ Balaban on March 22, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Моментално се наоѓаме во зелена фаза и според тоа се имплементираат соодветни епидемиолошки мерки, кои се во корелација со зелената фаза, вели д-р Рендевски

Податоците од анализата од ковид тестирањето односно скринингот што го спроведе Министерството за здравство покажуваат дека кај испитаниците кои не се вакцинирани, степенот на присуство на антитела се движи од 75 до 76 проценти. А кај испитаниците кои се вакцинирани, присуството на антитела кај нив е 85-86 проценти, што укажува дека голем број од тие кои не се вакцинирани против ковид-19, или прележале или дошле во контакт со вирусот, меѓутоа тоа не значи дека е постигнат колективен имунитет, изјави за МИА заменик-министерот за здравство, Владимир Рендевски.

Тој посочи дека за тоа дали сме дојдени до колективен имунитет одлучува Комисијата за заразни болести, врз база на анализите. Сепак, појасни Рендевски, најрелевантен параметар се анализите на бројот на новозаболени, починати и хоспитализирани и врз основа на тоа се препорачуваат епидемиолошките мерки.

Во зелена фаза сме моментално, вакцинацијата е столб

– Во поглед на актуелната епидемиолошка состојба и моменталните епидемиолошки мерки се во корелација со одредени варијабли кои се испитуваат во последните шест недели и се предмет на испитување во останатите европски земји. Тоа се бројот на новозаболени, починати и хоспитализирани, односно оптовареноста на здравствениот систем. Врз основа на овие варијабли, постои посебен алгоритам кој го одредува епидемиолошкиот ризик односно епидемиолошката состојба во секоја земја. Врз основа на таа актуелна епидемиолошка состојба постојат предлог епидемиолошки мерки, рече Рендевски.

Тој појасни дека анализите во државава покажуваат дека „во однос на овие три параметри, моментално се наоѓаме во зелена фаза и според тоа се имплементираат соодветни епидемиолошки мерки, кои се во корелација со зелената фаза. Анализите се следат на дневно и на неделно ниво и во зависност од одредено намалување или зголемување на овие параметри така би се планирале и идните епидемиолошки мерки“.

Тој потенцира дека вакцинацијата против ковид-19 е столб за подобрување на имунолошката состојба.

– Затоа вчера започна караванот за вакцинација против ковид-19 и во тој поглед мора да делуваме првенствено на повозрасните пациенти и пациентите со коморбидитети, а понатаму и на останатите пациенти кои се вакцинирани со две дози, а поминал подолг период од три месеци од последното вакцинирање. Практично да се даде и иницијатива за бустер доза кај овие пациенти, вели заменик-министерот за здравство Рендевски.

Антитела Владимир Рендевски Колективен имунитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.