Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Република Северна Македонија со македонски јазик и идентитет

0
By Нова ТВ on June 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 12, 2018 12:39

Повеќе грчки медиуми претпладнево го објавија речиси комплетниот договор кој наводно го постигнале премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, објавува Дојче Веле.

Во него во детаљи се дефинираат договорените измени и следните чекори Република Северна Македонија (Republic of North Macedonia, на англиски) е името за севкупна употреба кое наводно го договориле премиерите на двете држави, пишуваат грчките медиуми претпладнево. Атинскиот весник Еифемерида и Радиото 24/7 објавуваат детаљи од договорот кој меѓудругото предвидува и измена на македонскиот Устав.

Двете клучни прашања за македонската страна во преговорите, употребата на придавките македонски пред државјанството и јазикот се задржува и гарантира. Од македонскиот Устав ќе треба да се избрише членот кој предвидува грижа за „македонското малцинство“ надвор од границите на државата.

Посебна комисија ќе го договора користењето на трговските заштитни марки од страна на двете држави.

– Се признава македонскиот јазик со фуснота дека се работи за словенски јазик.

– Во однос на државјанството ќе се користи терминот Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, со, според грчките медиуми, експлицитно наведување дека граѓаните на таа држава не се поврзани со античката грчка цивилизација.

Следни чекори

Во грчкиот печат се наведуваат и следните чекори кои треба да уследат откако ќе се постигне начелниот договор меѓу Заев и Ципрас. Па така, најпрво договорот ќе треба да се ратификува во македонскиот парламент. Доколку претседателот Иванов одбие да го потпише, како што се очекува, веднаш треба да уследи и второто гласање.

– Грчката влада со писмо ќе ги информира ЕУ и НАТО дека охрабрува почеток на преговори со ЕУ и добивање покана за членство во Алијансата, откако ќе се извршат уставни промени.

– Советот на министри за надворешни работи на ЕУ и подоцна на Самитот на ЕУ Грција ќе бара да и биде даден позитивен сигнал на Македонија, и покрај противењето на Франција и Холандија, но со поддршка на Германија.

– На НАТО самитот на 11 јули во Брисел Република Северна Македонија ќе добие покана за членство во НАТО која ќе зависи од уставната ревизија.

– Македонскиот премиер Заев со писмо ќе ги информира 190 земји членки на ОН дека земјата во иднина ќе го користи името Република Северна Македонија во билатералните односи и во меѓународните форуми.

Во периодот од јули до октомври македонската влада треба да организира референдум и доколку резултатот е позитивен, ќе се продолжи со уставна ревизија. Доколку резултатот е негативен, планот „Б“ е да се свикаат предвремени парламентарни избори кои во истовреме ќе бидат и своевиден референдум за името.

Откако Скопје ќе го комплетира целиот процес, договорот ќе треба да биде ратификуван од грчкиот парламент, а во истовреме ќе се изврши и ратификацијата за членството на земјата во НАТО.

Дополнително, според грчки извори, очекуваниот втор телефонски разговор меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас веројатно ќе се случи подоцна попладнево, бидејќи се очекува во него да се вклучи и медијаторот Метју Нимиц. По разговорот со Заев и Нимиц, Ципрас ќе ги информира лидерите на политичките партии во земјата и претседателот Прокопис Павлопулос. Веднаш потоа, Ципрас ќе објави проглас за договорот кој ќе го потпишат со Заев во Преспа, најверојатно во текот на претстојниот викенд.

Договорот Заев Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.