Претставници на Републиканската и на Демократската партија во американскиот Конгрес објавија дека постигнале договор за широк пакет санкции кон Русија.
Целта на овој пакет санкции е Москва да биде казнета за наводното мешање во минатогодишните претседателски избори во САД и заради руската воена агресија во Украина и во Сирија.
Конгресменот на Демократската партија во Претставничкиот дом, Стен Хоер, од Мериленд изјави дека се усогласени сите прашања во врска со санкциите кои освен кон Русија, предвидуваат и економски казни за Иран и за Северна Кореја.
Претставничкиот дом ќе гласа за законот во вторник на 25 јули.