Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ревизија за барокот на МЕПСО: Пропусти од проектот до финансирањето

0
By Нова ТВ on March 14, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: build.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 14, 2018 08:48

Ревизорите во извештајот за 2016 година констатирале бројни пропусти во барокната фазада на МЕПСО.

Како  што објавува специјализираниот сајт build.mk, работите врз објектот не се довршени, а вработените и понатаму, по речиси четири години од склучувањето на договорот за изведба, работат во тесен, помал простор од зградата.

Во ревизорскиот извештај се наведуваат повеќе пропусти, кои почнуваат од моментот на изборот на идејното решение, па се до неповолното мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на МЕПСО за 2016 година.

Ревизорите исто така откриваат дека е склучен договор за изведба на реконструкција и адаптација на фасада, за чија реализација се констатирани повеќе недостатоци и пропусти.

-Извршени се редовни работи и вишоци во износ од 87.879 илјада денари кои претставуваат предмет на судска постапка, дополнителни работи во износ од 1.200 илјади денари кои не се регулирани со анекс договор, непредвидени работи во износ од 13.111 илјади денари кои не се уредени со договор, а според информациите од надзорот за завршување на наведените работи потребни се уште 27.558 илјади денари и не е извршено осигурување на објектот,  констатира Ревизорскиот извештај.

Како што објавува сајтот, првиот проблем е што при распишувањето на Конкурсот за идејно решение на фазасата во март 2012 година, МЕПСО немал податок колкава е вкупната површина, но и покрај тоа, биле избрани три идејни решенија врз основа на кои настанала и бароната фасада подоцна.

Ревизорите утврдиле дека основниот проект не содржи елаборат за енергетска ефикасност, иако самиот договор за „реконструкција“ на фасадата бил со цел да се подобри енергетската ефикасност. Издаденото одобрение за градење не било наменето за подобрување на енергетската ефикасност на објектот, така што ваквата состојба не била во согласност со членот 29 од Законот за градење.

При изведбата на „барокната“ фасада на МЕПСО не било предвидено вршење на проектантски надзор, но за него била утврдена потреба уште во првата година од изведбата. За таа цел, за ова бил ангажиран самиот проектант, кој се согласил тоа да го прави брз надомест. Според ревизорите, ова упатува на „неодговорно постапување со можност за настанување штети и финансиски импликации за МЕПСО“.

Државниот завод за ревизија, по ова утврдува дека на тендер во февруари 2014 е избран надзор, но и дека за „барокната“ фасада на МЕПСО не е спроведена постапка, ниту е склучен договор, за ревизија на изменување и дополнување на основниот проект, што не е во согласност со Законот за градење.

Исто така во извештајот се констатира дека фасадата на МЕПСО не била завршена

во првично предвидениот рок од 18 месеци и дека објектот не е предаден во употреба до денот на известување од извршената ревизија, односно дури 24 месеци по истекувањето на првичниот рок.

 

2016 барок МЕПСО ревизија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.