Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

РКЕ прави анализи како може да им се излезе во пресрет на општините за струјата

0
By Biljana on February 19, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ) прави анализи како може да им се излезе во пресрет на општините кога е во прашање набавката на електрична енергија.

Како што изјави денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски во „Стадион“ на Канал 77, најголем број од општините и јавните комунални претпријатија набавуваат електрична енергија на слободниот пазар.

„Но, за жал, имаме детектирано дека дел од општините се останати кај крајниот снабдувач што е 50 отсто од берзата хупекс – некои поради немарност, некои поради тоа што снабдувачите им ги раскинале договорите. Малите општини или помалите јавни претпријатија се на регулираниот пазар и кај нив состојбата е стабилна“, истакна Бислимоски.

Според него, РКЕ донесе одлука со која ги тргна повластените производители од регулираниот пазар и ослободи околу 230 киловатчасови кон слободниот пазар.

„Оваа енергија за слободниот пазар е два пати поевтина од онаа на берза“, рече Бислимоски.

Тој посочи дека проблeмот со кој се соочуваат општините е кај јавните комунални претпријатија кои мора да си ја зголемат ефикасноста.

„Анализите што ги прави РКЕ, без да посочувам во која општина, во едно комунално претпријатие се гледа дека има 550 вработени, а еден кориснички центар на ЕВН на поголема територија работи со 50 луѓе. Јавните комунални претпријтија не се ефикасни и се превработени, најголем број од трошоците одат на плати“, посочи Бислимоски.

Во однос на цената на водата, појасни дека РКЕ не ја определува крајната цена на водните услуги, туку опсегот од минимална до максимална цена.

„Советите на општините си ја определуваат цената. Ако не се задоволни од тоа што нивните совети си определиле, можат да влезат во постапка за промена“, потенцира Бислимоски.

Марко Бислимовски РКЕ цена на струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.