Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 15 август во Алјаска за да преговараат за крај на војната во Украина, изјави вчера Трамп.
Претходно тој изјави дека страните, вклучувајќи го и украинскиот претседател Володимир Зеленски, се блиску до договор за прекин на огнот што би можел да го реши триипол годишниот конфликт, договор што би можел да бара од Украина да предаде значителна територија.
Ќе има одредена размена на територии за доброто на двете страни, рече тогаш Трамп, пренесува Ројтерс.
Зленски, меѓутоа, вчера изјави дека Украина нема да отстапи ништо од својата територија.