Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рочиштето за Транспортер се одолжува поради турнеја на групата Молика

1
By Нова ТВ on November 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 6, 2017 14:03

Судско рочиште за случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е битолскиот градоначалник Владимир Талески, и денеска е одложено, поради отсуство на еден од обвинетите .

Судијката Лидија Петровска сугерираше да се одвои постапката и наместо една постапка за сите обвинети, да се водат посебни постапки за секој од нив. Таа рече дека предметот е обемен и постои опасност секогаш да фали по некој обвинет и судењето да се одлага во недоглед.

Обвинителот од СЈО Трајче Пеливанов, рече дека со оглед на тоа што обвинетите се соучесници, така би се искомплицирала постапката. Тој апелираше до обвинетите да комуницираат меѓу себе, да дојдат на следното рочиште сите, за да не прават бадијала трошоци од Битола до Скопје.

Еден од обвинетите, Џими Мицевски од Битола, побара постапката против него да се издвои, затоа што тој една година однапред имал закажано турнеја во Австралија и не можел да откаже. Како што рече Мицевски, пеналите што би ги платил во таков случај би биле многу виски.

„Не можам никако да ги одложам концертите. Договорени ми се пред една година. Ќе го зафркнам бендот со кој свирам. Закупивме сали во Австралија, потпишав договори. Ако не ги исполнам по моја вина, плаќам пенали во износ од 50 илјади долари”, рече Мицевски, кој свири во фолк групата Молика.

Судијката и обвинителите му посочија на Мицевски дека меѓу обвинетите има и лица кои се со изречени мерки и не е коректно нивните права да бидат прекршени за тој да може да си исполнува приватни обврски.

По половина час убедување, судијката и СЈО се согласија судењето да продолжи по 23 јануари за да може обвинетиот Мицевски да свири и за Стара нова година.

Ова е втор обид за почеток на судењето на Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Минатото рочиште, на 28 септември, беше одложено исто така поради отсуство на една од обвинетите.

СЈО кон крајот на април поднесе обвинение за овој случај, но поради фактот што дел од обвинетите одбивале да ги примат поканите, судењето е закажано за септември.

Обвинението е за злоупотреба на буџетски пари поради незаконски организиран автобуски превоз.

Талески, како и претседателот на Комисијата за јавни набавки, кои во договор со директорите на училиштата и раководните лица на неколку превозни компании се обвинети дека организирале превоз за учениците во општината.

Владимир Талески рочиште СЈО Случај Транспортер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.