Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ромите не сакаат базен од 600 000 евра туку пристоен живот

0
By Нова ТВ on February 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 10, 2017 12:53

Иницијативата на жени од Шуто Оризари остро реагира на огласот за доделување јавна набавка за изградба на отворен пливачки базен во Општина Шуто Оризари, објавен од Агенцијата за млади и спорт, со вредност од над 600.000,00 евра.

„Веќе подолг период оваа Иницијатива алармира дека во општина Шуто Оризари нема ниту еден матичен гинеколог, а 8000 жени се во репродуктивен период. Според податоците од секојдневните теренски активности на Иницијативата, во општина Шуто Оризари поради ограничен пристап до примарна здравствена заштита, неретко жени се породуваат во домашни услови, без никаква лекарска грижа, со што нивното, и здравјето на новороденчињата, е сериозно ставено под закана. Согласно официјалните статистики, доенечката смртност кај Ромите е 1,5 пати повисока во однос на останатите граѓани, а со оваа одлука извесно е дека стапката нема да се намали.  Со ова неоправдано инвестирање, репродуктивното здравје на Ромките и овојпат се занемарува, а социо-економската состојба на граѓаните од општината дополнително се влошува“, се вели во реакцијата на Инцијативата на жени од Шуто Оризари.

Тие потенцираат дека Ромите во Македонија живеат во исклучителна сиромаштија и висока стапка на невработеност, ромските деца се неисхранети, имаат лоши услови за живот и ограничен пристап до основни здравствени услуги. Многу малку се вложува во нивна едукација, нудење на услуги за сексуално и репродуктивно здравје и воопшто за подобрување на квалитетот на живот.

За пристапот до здравствена заштита, дури и Меѓународниот комитет за економски, социјални и културни права препорача државата да ги засили напорите за да обезбеди пристап и достапност до гинеколошки услуги за сите жени без оглед на местото на живеење, овозможувајќи доволно лекари и проширувајќи ги услугите кои ги покрива Фондот за здравствено осигурување. Со цел подобрување на сексуалното и репродуктивното здравје на Ромките, Комитетот препорача да се преземат сите мерки за зголемување на бројот на гинеколози во земјата со цел да се обезбеди пристап на секоја жена до гинеколошки услуги, особено во Шуто Оризари.

Во програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца за 2017 година донесена од Владата на РМ, предвидени се 240.000,00 денари за гинеколог кој еднаш во неделата ќе врши примарна здравствена дејност од областа на гинекологијата и акушерството на територијата на општина Шуто Оризари. Наместо ова нефункционално и паушално решение, за 1.200.000,00 денари односно за 20.000,00 евра, проблемот со недостаток од матичен гинеколог за жените од оваа општина би бил целосно решен со тоа што ќе има матичен гинеколог во општината, секој работен ден во годината.

“Одлуката за изградба на базен не само што не соодветствува со најитните потреби на граѓаните од Шуто Оризари, туку го отвара и прашањето за идните приоритети на надлежните кога станува збор за граѓаните од ромска етничка припадност. Изучувањето на водните спортови и здравјето на жената се неспоредливи категории од аспект на итност и неопходност“, велат од Иницијативата.

Имајќи ги предвид фактите, бараме од надлежните да ги преиспитаат приоритетите на граѓаните од општина Шуто Оризари и да ги алоцираат ресурсите кон задоволување на егзистенцијални потреби за достоен живот.

 

 

 

 

базен гинеколог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.