Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Роналдо пред судот во Шпанија: Како можам да мамам со шесто одделение?

0
By Нова ТВ on August 5, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кристијано Роналдо влезе во судница по предметот во кој се сомничи за затајување на данок и оштетување на шпанската државна каса за 14,7 милиони евра. Ѕвездата на мадридски Реал и на португалската репрезентација се бранеше дека не сторил никакво кривично дело и притоа беше духовит кон судијката Моника Гомез Фереира изнесувајќи и детали од приватниот живот.

„Се имам платено за 2014 година. Не се разбирам во многу работи надвор од фудбалскиот терен. Ако луѓето од опкружувањето ми речат „Крис, тоа и тоа е добро“, јас им верувам. Не знам ништо за данок. Како можам да мамам за данок кога имам завршено само шест одделенија во основно училиште?“ – Како можам да затајам данок?“, се правдаше Роналдо.

Фудбалската ѕвезда потоа се обрати до судијката со свое уверување оти немаше да биде во судница да не бил позната личност.

„Да не се викав Кристијано Роналдо, немаше да седам овде“, рече Португалецот.

На тоа судијката му возврати дека греши и дека на негово место и ситуација биле многу анонимни лица.

„Грешите. Многу анонимни луѓе биле во ваша позиција. Вие сте под истрага за криминални работи што се засновани на докази“, му одговори Фереира.

Роналдо малку ретерираше и појасни дека со тоа што го кажал немал намера да издејствува подобар третман бидејќи е славен.

„Го сакам тоа, но само на терен. Не и овде. Во судницава треба да имам ист третман како сите други луѓе. Навистина не знам зошто сум овде. Чесен сум и секогаш сум плаќал данок. И мојот агент Жорж Мендеш е чесен. Ниту тој не треба да биде овде“, истакна Роналдо.

Затајување на данок Кристијано Роналдо рочиште Суд Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.