Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Розберг: Во екстаза сум и горд што го повторив успехот на татко ми

0
By Нова ТВ on November 27, 2016 СПОРТ
Фото: formula1.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нико Розберг за првпат во кариерата се закити со шампионска титула во Формула 1. Германскиот пилот на Мерцедес го освои второто место во Абу Даби и со 385 бода го задржа водството во генералниот пласман пред денешниот победник во пустинската трка, Луис Хамилтон.

„Воопшто не ми беше забавно во последните кругови. Мило ми е што заврши. Во екстаза сум и горд што го направив ова што мојот татко (Кеке Розберг) го стори пред 34 години“, рече Нико Розберг по настапот за Големата награда на Обединетите Арапски Емирати.

Хамилтон во Абу Даби го оствари десеттиот триумф во сезона, Розберг заврши со девет и една незавршена трка помалку од Британецот. Трикратниот првак заостануваше 12 бода зад клупскиот колега пред финалниот предизвик. За одбрана на тронот му беше потребна победа и истовремено да го нема Германецот крај себе на пиедесталот. Првиот услов го исполни, вториот не одеше во негов прилог.

Фото: thisisf1.com
Фото: thisisf1.com

„Титулата ја посветувам на сопругата и ќерката, на другите ќе мислам подоцна. Честитки за Луис. Имаше одлична сезона. Беше голем ривал што секогаш е тешко да се победи“, додаде Розберг.

Хамилтон имаше одличен финиш на сезоната. Приличното заостанување го сведе на само 12 бода и внесе драма во Формула 1 шампионатот во борбата за титулата каква ретко имавме прилика да гледаме во изминатите неколку години. Четвртата победа во низа, вкупно 53 во кариерата, сепак, не му беше доволна за примарната цел. Разочаран не е. Му честиташе на Розберг и порача дека се чувстува извонредно.

„Благодарност до семејтвото и мојот тим за поддршката. Мислам дека оваа победа е 32 за мене по доаѓањето во Мерцедес. Честитки за Нико за првата титула. Направив се што можев во последните четири трки и само тоа можев да барам од себе. Вечерва се забавував, славев со тимот, па не можете да освоите се“, рече Хамилтон.

Луис Хамилтон и Нико Розберг

Првата титула Британецот ја освои во 2008 година. Во 2014 година ја освои втората, лани ја одбрани, а оваа година, сепак, не успеа до хет-трик.

„Имав многу проблеми оваа година и затоа сум во оваа позиција. Но, и натаму сум благодарен на сите успеси, на сите подеми и падови со екипата. Нико ти честитам, возеше фантастично“, дополни Хамилтон.

Абу Даби Луис Хамилтон Мерцедес Нико Розберг Титула Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.