Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија објави дека руските сили го зазеле стратегиски важниот град Северск

0
By Zoran Ivanov on December 11, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 11, 2025 22:03

Рускиот претседател Владимир Путин и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов денеска го објавија заземањето на источноукраинскиот град Северск, отворајќи го патот за понатамошни напредувања, пренесе ДПА.

Путин, на состанокот што беше пренесуван на државната телевизија и делумно преку видео врска, рече дека „ова значи оти сега се можни други успешни напади во други правци во источниот регион Донбас“.

Украинската страна првично официјално не ги коментираше овие информации.

Руската војска соопшти дека нејзина следна цел е да го заземе градот Славјанск, во кој живееја повеќе од 100.000 луѓе пред почетокот на војната во 2022 година.

Путин ја поздрави „динамиката“ на фронтот и ги пофали војниците со зборови како „прекрасни, момци“ и „цврсто ве прегрнувам“.

Стратешката иницијатива целосно е во рацете на руската војска – рече тој, додавајќи дека освојувањето на регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје напредува.

Путин не ги спомена тековните преговори за ставање крај на војната или мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој претходно ги опиша предлозите на Трамп како основа за разговори, но јасно изјави дека Русија може да ги постигне своите цели на бојното поле доколку Кијив ги отфрли условите на Москва за решавање на конфликтот.

Путин, на пример, бара Украина да го предаде целиот источен регион Донбас во замена за прекин на огнот односно Кијив да се повлече од областите што сè уште ги контролира. Украина категорично го отфрла ова.

 

зазеде Русија северск украински
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.