Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија: Меѓународната заедница да се воздржи од мешање во Венецуела

0
By Нова ТВ on February 3, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 3, 2019 20:29

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека меѓународната заедница треба да се фокусира на давање помош на Венецуела во решавање на економските и на социјалните проблеми на земјата и да се воздржи од „деструктивно“ мешање во нејзините внатрешни прашања.

Соопштението од руското Министерство за надворешни работи дојде по најавената можност од американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање војска во Венецуела, како и дека го одбил барањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро за средба.

„Тоа, секако, е опција“, истакна Трамп за испраќање на војска во Венецуела.

ЕУ му дадоа рок од осум дена на актуелниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро  да организира „фер, слободни и кредибилни избори“, а во спротивно Унијата „ќе преземе мерки во однос на признавањето на лидерството“. Рокот од ЕУ истекува вечерва.

Претходно француската министерка за европски работи Натали Лоазо најави дека Париз ќе го признае Гуаидо како привремен претседател на Венецуела ако Мадуро до вечер не распише избори.

„Ако Мадуро до вечер не се обврзе дека ќе организира претседателски избори, во тој случај Франција ќе го смета Хуан Гуидо за легитимен да организира избори и него ќе го сметаме за привремен претседател до одржувањето на легитимни избори во Венецуела“, истакна Лоази.

Таа предлогот на Мадуро тој да организира предвремени парламентарни избори го оцени како фарса.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изјави оти разговарал со венецуелскиот опозициски лидер Гуаидо и дека се придружува кон земјите-членки на Европска унија кои соопштија дека ќе го признаат Гуаидо за привремен претседател на Венецуела доколку Владата во Каракас не распише претседателски избори.

Венецуела Николас Мадуро Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.