Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија под нови ЕУ санкции

0
By Zoran Ivanov on December 16, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на Европската Унија го усвои 15-от пакет рестриктивни мерки кои имаат за цел дополнително да ја ограничат способноста на Русија да води војна против Украина. На листата на санкционирани, поради заобиколување на санкциите, се и деловни субјекти надвор од ЕУ, вклучително и од Кина, Индија, Србија, Иран и од Обединети Арапски Емирати.

Новите мерки треба да го решат проблемот со заобиколување на санкциите и да ја таргетираат руската „флота од сенка“. Овие мерки треба да придонесат за слабеење на рускиот воен и индустриски комплекс.

Овој пакет санкции е дел од нашиот одговор кој има за цел да ги ослабне руската воена машина и оние кои ја овозможуваат војната, вклучително и кинеските компании – рече високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Таа рече дека ЕУ ќе биде со Украинците на сите фронтови – на хуманитарен, економски, политички, дипломатски и на воен фронт.

Конкретно, Советот на ЕУ се согласи на листата на санкциoнирани да додаде 54 лица и 30 ентитети, одговорни за активности кои ги поткопуваат или претставуваат закана за територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина.

Меѓу санкционираните се лица одговорни за депортација на деца и за пропаганда, како и високи менаџери во водечки енергетски компании.

Главната цел на ЕУ се руските одбранбени компании и бродски компании, одговорни за транспорт на нафта и на нафтени производи по морски пат, кои обезбедуваат важни приходи за руската Влада. На списокот се наоѓаат и хемиска фабрика и цивилна руска авиокомпанија.

 

русија еу санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
ФОКУС

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

ВЕСТИ October 15, 2025

Руските ракетни и беспилотни летала извршени во текот на ноќта предизвикаа прекини во електричната енергија…

Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

October 15, 2025

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

October 15, 2025

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

October 14, 2025
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.