Русија одбележува 15 години од терористичкиот напад во училиште пришто загинаа над 300 деца и возрасни лица. Крвавиот настан се случи во градот Беслан на 1 септември во 2014 година кога повеќе од 30 терористи упаднаа во едно училиште и како заложници земаа околу 1.100 деца и нивни родители кои ги држеа во фискултурната сала без вода и храна цели три дена.
Киднапирањето на заложниците беше спроведено од групата „Ријадус-Салихин“ која беше испратена од чеченскиот сепаратистички лидер Шамил Басаев. Во преговорите со руските власти Басаев бараше повлекување на руските сили од Чеченија и крај на Втората чеченска војна. По три дена неуспешни преговори, руските сили беа принудени да влезат во зградата, по неколкуте експлозии што се случија во училиштето.
Во нападот загинаа 334 луѓе (318 заложници од кои 186 деца), а стотици други беа повредени. За време на спасувачката операција загинаа 21 припадник на руските специјални сили.