Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русите ги егзекутираат тешко ранетите и невооружени украински заробеници во Авдиивка

0
By Marija Todorovska on February 20, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 20, 2024 15:36

Украинскиот парламентарен комесар за човекови права Дмитро Лубинец испрати писма до Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) и Обединетите нации за да ги разјаснат сите околности за пукањето во тешко ранетите украински бранители на позицијата Зенит, пренесува Укринформ според објавата на Лубинец на Телеграм.

Според него, украинските војници биле принудени да ја напуштат Авдиевка додека биле под континуирано бомбардирање од руската армија. Патиштата за евакуација и возилата беа гранатирани, а некои тешко ранети и загинати војници мораа да бидат евакуирани. Поради големата офанзива на руската армија, немаше можност за повторени обиди за евакуација.

Народниот правобранител извести дека поради целосното опкружување на упориштето Зенит, командата стапила во контакт со координативниот центар и организациите кои преговарале со непријателот. Целта на дијалогот беше да им се пружи помош на тешко ранетите украински војници кои не беа вооружени, во согласност со меѓународните закони и правила на ангажман кои ги штитат воените заробеници.

„Видеото објавено од непријателот од заземената позиција на Зенит откри што се случило по овие договори“, изјави Лубинец.

Семејствата на бранителите ги идентификуваа Хеорхиј Павлов, Андриј Дубњицки и Иван Житник како починати. Дополнително, Олександр Зинчук и Микола Савошик беа застрелани од руски војници. Информациите за шестиот војник се уште не се потврдени.

Народниот правобранител итно испрати писма до МКЦК и ОН за документирање на ова воено злосторство и разјаснување на сите околности.

„Ова не е првпат Русија грубо да го прекрши меѓународното хуманитарно право и Женевските конвенции со егзекуција на воени заробеници“, нагласи комесарот.

Комесарот го повика целиот цивилизиран свет да се обедини и да го зголеми притисокот врз Русија.

„За Русија нема закони и договори. Тие прифаќаат само сила“, нагласи Лубинец.

Предходно, на 18 февруари беше објавена порака на Телеграм канал во која се известува за егзекуција на шест заробеници на позиција во Авдиивка. Бранителите се тешко повредени и чекаат евакуација.

Понатаму, откриена е видео снимка која содржи фрагмент од убиството на уште двајца војници во близина на селото Веселе во областа Бахмут. Снимката со беспилотно летало прикажува руски војник како пука на празно поле, прво кон едниот заробен украински војник, а потоа кон вториот.

Службата за безбедност на Украина покрена предистражна истрага за пукањето на невооружените украински воени заробеници во Авдиивка и Веселе.

Брутална и ладнокрвна егзекуција на невооружени заробени украински војници е честа појава што ја спроведуваат припадници на руските окупаторски сили. За тоа пишуваше ЦИВИЛ МЕДИА во март 2023 година кога на социјалните мрежи се појави снимка од  бруталното убиство на невооружениот украински војник, Тимофиј Шадура, припадник на Копнените сили од 30-та посебна механизирана бригада, снимено со камера од страна на руските агресори додека го извршувале убиството..

Драган Мишев / Цивил Медиа

воени злосторства егзекуција Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.