Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руска вакцинациска дипломатија во Централна и Источна Европа

0
By НОВА ТВ on April 20, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 20, 2021 15:42

Иако Русија има историја со доминирање на источниот континент, особено во времето на СССР, и има поволна географска положба за да го направи истото, во 2021 Русија, сепак, останува со лимитирана трговија со европските држави, освен кога е во прашање трговија со енергија. Но и покрај фактот што во последните три децении, Русија не може да се натпреварува со ЕУ ни како партнер за трговија, ниту како инвеститор, федерацијата не се откажува од обидите за регионално влијание во Централна и Источна Европа.

Статистиките околу трговијата јасно покажуваат дека ЕУ како блок сѐ уште има повеќе моќ од Руската Федерација. На пример, најголемиот трговски партнер на Русија е Европската Унија: околу половина од целиот руски извоз е насочен кон ЕУ. Од друга страна пак, Русија е 5-ти по големина партнер за ЕУ, сочинувајќи само 4% од вкупниот извоз на ЕУ и 7% од увозот на ЕУ. Сепак, овие ниски проценти не се индикатор дека се мали суми на пари во прашање. Со вкупен обем на трговија од 54,5 милијарди евра, главен партнер на Русија во ЕУ е Германија: во 2019 година, увозот беше 27,8 милијарди евра и извозот 26,6 милијарди евра.

Исто така земји со најголема зависност од Русија меѓу увозот се: Финска (43% од нејзиниот увоз вон-ЕУ) и трите балтички држави: Литванија: 43%, Естонија: 35%, Латвија: 27%. Сите три балтички држави биле дел од Советскиот Сојуз така што нивната трговска зависност од Русија има специфична историја.

Според напис од Central European Times: „Москва ја користи секоја можност за зајакнување на своето влијание во регионот, или како клучен снабдувач на енергија, или, во моментов, преку вакцинациската дипломатија, нудејќи дози од руско-развиената Covid-19 вакцина за забрзување на кампањите за инокулација и да ја покаже слабоста на ЕУ во координирањето на напорите да контролира пандемијата.“ Иако преку нудењето на вакцини во источно-европските држави може да допринесе до позитивни мислења за Русија од страна на граѓаните на овие држави, Русија смета дека овие обвинувања не држат вода и дека не треба да се политицисира оваа вакцина бидејќи тоа може да чини човечки животи.

Кирил Дмтриев, директорот на Рускиот Инвестициски Фонд, изјави во интервју со Politico дека: „Русите создадоа добра вакцина и тие сакаат да го заштитат сопствениот народ и да играат некаква улога во [вакцинацијата] на остатокот на светот. Фактот што Спутник создава толку многу политички метеж, покажува колку е тажна состојбата на [светската] политика.“

Без разлика што руската вакцина Спутник В дефинитивно спасува животи, многумина гледаат политичка димензија во нејзината дистрибуција. Мора да се напомене дека Русија не е единствената држава која ја користи вакцинацијата како еден вид дипломатско оружје, односно држави како САД и Кина исто така водат вакцинациската дипломатија, но на различен начин од Русија.

Европската Агенција за Лекови (ЕМА) сѐ уште ја нема одобрено руската вакцина, но моментално детално ја разгледува вакцината пред да ја одобри за користење во ЕУ. Но, дури и без ова одобрување, некои ЕУ држави како Словачка и Унгарија веќе ја користат Спутник вакцината. Всушност, руската вакцина создава и политички конфликти не само на ЕУ како блок во односите со Русија туку и во внатрешната политика на некои ЕУ држави. На пример, пред скоро две недели, словачкиот министер на надворешни работи Игор Матовиќ леташе до Москва и потоа изјави дека наместо да го слуша сопствениот национален регулатор на лекови, Словачка ќе се потпре на унгарска лабораторија за да ги изврши потребните проверки на вакцината. Односно Матовиќ го направи овој контроверзен потег за да може да се користи Спутник В во Словачка што отвара прашања околу влијанието на Русија во Централна Европа, како и очигледната политизација на оваа вакцина.

Спутник В исто така веќе се користи во држави од Западниот Балкан, односно во Србија и С. Македонија. Србија дури и се спрема за да почне со производство на Спутник В во мај, 2021. Исто така дел од војниците на АРМ се вакцинираа со Спутник В – вакцини кои С.Македонија ги доби како донација од Србија – иако се дел од воениот Евро-Атлантски НАТО сојуз. Самата вакцинација на македонските војници отвара прашања околу значењето на македонското членство во НАТО, како и за руското влијание во земјата.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.