Нацијата која го достигна врвот на Зимските олимписки игри 2014 година нема да учествува на годинашното издание во Пјонгчанг во Јужна Кореја. Отсуството на Русија значи дека веројатно ќе има многу дополнителни медали за освојување.
Со забраната од 5 декември од страна на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Русија падна на четврто место во пласманот од 2014 година, откако и беа одземени вкупно 13 медали поради допинг.
На руските спортисти кои можат да докажат дека се невини во анти допинг случаите ќе им биде дозволено да се натпреваруваат во Јужна Кореја, под неутрално знаме односно како “Олимписки спортист од Русија” (ОСР).
Во вторникот Арбитражниот суд за спортови во Лозана, Швајцарија, објави дека 42 руски спортисти поднеле жалби против дисциплински одлуки што ги презеде МОК во врска со анти-допинг прекршоците за време на Олимпијадата во Сочи.
Во меѓувреме, компанијата Грејснот ги анализира резултатите на спортистите од клучните натпревари во Сочи за да предвидат виртуелна табела за медали и да идентификуваат кои земји најверојатно ќе профитираат од отсуството на Русија.
Според пресметките, Германија најверојатно ќе има најголема корист во отсуството на Русија, со што ќе освои дополнителни пет медали. Норвешка е втора и ќе добие четири дополнителни медали, Канада, Италија и Франција ќе добијат дополнителни два, додека Јапонија, Финска, Велика Британија и Холандија ќе добијат по еден медал.