Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Сергеј Баздникин за амбасадор во Република Македонија, јави ТАСС.

Указот за назначување на новиот амбасадор беше објавен заедно со друг указ, со кој Путин од должност заминува досегашниот амбасадор Олег Шчербак, кој на таа функција беше од 2010 година.

Сергеј Баздникин е поранешен заменик на началникот на Департментот за планирање на Министерството за надворешни работи на Русија.

„Се именува Сергеј Александрович Баздникин за нов амбасадор на Русија во Република Македонија“-се наведува во указот на Путин.

Не се посочува причината за смена на амбасадорот.