Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Рускиот Рамбо“, некогашниот миленик на Путин би се борел за Украина и „ништо друго освен омраза“ не чувствува за својата татковина

0
By Marta Pesevska on January 16, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: Wikimedia Commons
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рускиот актер Артур Смолјанинов беше ѕвезда на еден од омилените филмови на претседателот Владимир Путин , оној за советската единица која се бори против авганистанските бунтовници. Сега тој е класифициран како „странски агент“ и се соочува со кривична истрага, пренесува Си – Ен – Ен.

Смолјанинов беше херојот на „Девјатаја Рота“ (9-та компанија), руски долгометражен филм кој излезе во 2005 година. Тој често беше опишуван како рускиот Рамбо, што е знак за американските акциони филмови со Силвестер Сталоне во главната улога.

Многу се промени од тогаш. Смолјанинов е во егзил и во едно неодамнешно интервју рече дека е подготвен да се бори на страната на Украина и да убива руски војници. Тој за Новаја Газета минатата недела изјави:

„Не чувствувам ништо друго освен омраза кон луѓето од другата (руската) страна на фронтот. И да бев таму на земја, немаше да има милост“.

Тој за поранешен колега кој отишол да се бори на руска странарече дека без сомневање би го застрелал.

„Дали би го застрелал? Без никакво сомневање! Дали ги чувам отворени моите опции за борба за Украина? Апсолутно! Ова е единствениот начин за мене. И кога би одел во оваа војна, би се борел само за Украина“.

Неколку дена подоцна, руското Министерство за правда го класифицира актерот како странски агент.

Александар Бастрикин, шефот на Истражниот комитет на Русија, исто така нареди да се отвори кривично дело против Смолјанинов.

Смолјанинов беше многу критичен за кампањата во Украина. Неодамна сними песна од советската ера – Темна ноч (Темна ноќ) – со преработен текст, кој ги вклучува редовите:

„Погледни, окупатор, Како се без струја породилиштата, Како децата седат во засолништа. И како се удавуваат книгите. Руската ноќ стигна до училиштата и болниците“.

Друг стих се однесува на „бункер, каде што еден фирер се крие, а ќелав мал готвач, го храни фирерот од лажица“. Готвачот беше референца за Евгениј Пригожин, кој ја води приватната воена компанија „Вагнер“ и добил договори за угостителство од Кремљ.

Кога минатото лето првпат се изјасни против војната, Смолјанинов, кој во времето кога беше во Русија, му рече на новинарот кој го интервјуирапа дека тоа е „катастрофа, сè пропадна: пепел, чад, смрдеа, солзи“.

Во октомври минатата година, московскиот окружен суд изрече казна од 30.000 рубли (430 американски долари) против Смолјанинов под обвинение за дискредитација на руските вооружени сили. Истиот месец, тој ја напушти Русија и се смета дека во моментов е во Летонија.

Смолјанинов раскажа како ја преминал руската граница во Норвешка.

„Границата ја минав пеш… Одиш само 30 метри, а пред тебе има сосема други луѓе. Тие се толку меки. Дури и изгледот е различен“.

Филмот „Девјатаја Рота“ беше толку популарен што Путин ги пречека актерите и екипата, вклучително и Смолјанинов во неговата резиденција надвор од Москва во ноември 2005 година, каде што приреди специјално прикажување на филмот.

Кремљ соопшти дека по гледањето на филмот, Путин разговарал со режисерот Фјодор Бондарчук и главните актери, вклучувајќи го и Смолјанинов.

Руската државна новинска агенција РИА Новости тогаш објави дека Путин изјавил дека филмот „ја одзема душата, вие се потопувате во филмот“.

„Филмот е многу силен, навистина сериозна работа за војната и луѓето кои се најдоа во екстремни услови во оваа војна и се покажаа многу достојни“, рече тогаш Путин.

Руското Министерство за правда додаде голем број други лица на списокот на странски агенти во последниве денови, вклучително и музичкиот критичар Артеми Троицки и неколку новинари.

„Овие луѓе беа ставени во регистарот според член 7 од рускиот закон за контрола на активностите на лица под странско влијание“, соопшти руската државна новинска агенција ТАСС.

Викендов беше објавено и дека двајца познати театарски актери биле отпуштени од уметничкиот театар „Чехов“ во Москва поради критики за војната во Украина. Дмитриј Назаров и неговата сопруга Олга Василиева беа разрешени од уметничкиот директор на театарот Константин Кабенски, кој ги обвини актерите за „антируски чувства“. Државната новинска агенција ТАСС потврди дека дуото е отпуштено, без да прецизира причина.

Подготви: Д. Мишев

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

 

актер антируски чувства Владимир Путин Руска агресија врз Украина странски агент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.