Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руските дезинформации на Балканот го „поткопуваат“ европскиот пат на земјите од регионот

0
By Marija Todorovska on January 30, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 30, 2025 13:22

Балканот е особено ранлив поради историските врски со Русија, етничките и политичките поделби, како и постојаната нестабилност во некои земји. Во последните години, руските медиуми и нивните поддржувачи активно шират наративи кои го поткопуваат евроатлантскиот пат на одредени земји, ја поттикнуваат недовербата во Западот и ја засилуваат проруската пропаганда.

Дестан Јонузи

Војната во Украина продолжува со сите средства, Руската Федерација ја смени тактиката како да манипулира со јавноста и другите засегнати страни низ ЕУ.

ЕУ минатата недела ги осуди активностите на Русија за манипулирање со информации во земјите на ЕУ, како и на Балканот. Официјални претставници на ЕУ постојано го обвинуваат Кремљ за несоодветни дејствија со тенденции за дестабилизација на Европа.

Во соопштението на Дипломатската служба на ЕУ (ЕЕАС) се наведува дека „Чешка, Финска, Естонија, Германија, Франција, Летонија, Литванија, Холандија, Полска, Шведска и Романија ги осудуваат континуираните обиди на Русија да манипулира со информативниот простор на ЕУ“.

Претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ вели дека лажните вести и дезинформациите се само една од многуте алатки преку кои руската политика прави влијание во нашиот регион.

– Сепак руското влијание најмногу е видливо во деструктивните политички процеси, преку кои државите од нашиот регион, вклучително и Северна Македонија, го стопираат и ги одложуваат остварувањето на стратешките цели во евроатланските и европските интеграции. Преку разни политички наративи, хибридни напади, дезинформации, поттикнување на етнички тензии руската политика ги напаѓа демократските процеси и институциите во регионот, а се со цел да го стопира европскиот пат и евроатланските интеграции на државите во регионот, изјави Хоџиќ за Фронтлајн.

Според политичкиот аналитичар Бесим Небиу – руските дезинформации во Балканскиот, регион имаат долга историја и се користат како инструмент за политичко и социјално влијание.

Бесим Небиу
Бесим Небиу

– Балканот е особено ранлив поради историските врски со Русија, етничките и политичките поделби, како и постојаната нестабилност во некои земји. Во последните години, руските медиуми и нивните поддржувачи активно шират наративи кои го поткопуваат евроатлантскиот пат на одредени земји, ја поттикнуваат недовербата во Западот и ја засилуваат проруската пропаганда. Во Србија, на пример, „Спутник Србија“ и други прокремљовски медиуми имаат значително влијание, користејќи носталгија за историските односи и заедничките словенски и православни вредности, вели Небиу во изјава за Фронтлајн.

На онлајн платформите во 2022 година, руската компанија „Агенција за социјален дизајн“ започна кампања за дезинформација наречена „Doppelganger“ – програма што руската влада и агенции ја изградија за да го „заразат“ неруското мислењe.

Операцијата „Doppelganger“, користеше повеќе „клонови“ на автентични медиуми (најмалку 17 медиуми, вклучувајќи ги Bild, The Guardian и RBC Ukraine) и ги таргетираше корисниците со лажни написи, видеа и анкети. За да го постигнат ова, одговорните купија многу домени кои личеа на вистинските медиумски брендови и ги копираа нивните дизајни.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

дезинформации Небиу пропаганда руско влијание Хоџиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.