Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русковска: Вратите на Собранието се отворија по наредба на обвинетите организатори

0
By Нова ТВ on February 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 26, 2020 12:47

Основното јавно обвинителство ќе докаже преку доказите дека четворицата обвинетите се виновни за организација на насилствата на 27 април. Екс спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски, пак, рекоа дека не чуствуваат вина на денешното судско рочиште во Кривичниот суд.

„Ќе слушнете како Јанакиески и Ристовски критичниот ден се јавувале по штабовите и организирале превоз до Скопје за поголема масовност на протестот и за влегување на народот во Собрание. Ќе ги слушнете пораките испратени до луѓето. Вратите ги отворија затоа што така им беше кажано од обвинетите, но и од нивниот лидер, Никола Груевски, кој толку сакаше да се соочи со народот на избори, но кога требаше да се соочи со правдата најкукавички избега. Трајко Вељаноски постапи спротивно на деловникот на Собранието, одби да се изврши промена на точките на дневен ред по барање на Оливер Спасовски кого го поддржуваа повеќе од 10 пратеници, но затоа не заборави да се допишува со Груевски. Дали Трајко Вељаноски се обиде да ги спаси пратениците, да го спречи лудилото одговорот е едноставен – не. Не само што не направи ништо, туку неговиот шеф на обезбедувањето Горан Ѓошевски на групата предводена од Никола Митревски-Кољо им помогна да стигнат во сала број 3 каде тогаш се наоѓаат пратениците од новото парламентарно мнозинство“, рече обвинителката Русковска во воведниот говор.

Русковска воведните зборови ги заврши со цитат од Гоце Делчев.

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа“.

Обвинетата четворка пред судот кажа дека не чувствува вина за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Во истрагата за организаторите беа опфатени и експремиерот Никола Груевски и поранешниот разузнавач Никола Бошкоски, но затоа што тие се во бегство, како што соопштија од Обвинителство при поднесувањето на обвинението, постапката за нив ќе продолжи кога тие ќе бидат пронајдени.

Првообвинетиот Вељаноски обвинението за овој настан го нарече класичен политички прогон и дополни дека не чувствувал ни малку вина за овој настан. Истиот став дека се работи за политички прогон го дели и обвинетиот Ристовски кој исто така посочи дека не чувствува вина. Дека не е виновен за настаните во Собранието рече и обвинетиот Јанакиески кој дополни дека ќе се обидел пред судот да направи реконструкција на овој настан со цел јавноста да ја дознаела вистината. И обвинетиот Атанасовски, како и претходните тројца обвинети, рече дека не чувствува вина и дека разбрал за што е обвинет.

На наредното судење закажано за деветти март и обвинетите ќе го кажат својот воведен говор. Тогаш за сведоци ќе бидат повикани техничкиот премиер Оливер Спасовски, но и Михалил Младеновски, кој беше обвинет за првиот дел од предметот, а потоа и амнестиран. Тој за време на неговиот распит при судењето го посочи Владимир Атанасовски како еден од нарачателите.

Вилма Рускоска Владимир Атанасовски Миле Јанакиески Случај „27 април“ Собрание Спиро Ристовски Трајко Вељаноски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.