Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русковска: Заев требало да биде ликвидиран, Чавков знаел се

4
By Соња Петрушевска on August 22, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Макфакс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 27 април обвинетите извршиле насилен напад врз една од најважните институции – Собранието. Обвинителството ќе докаже дека нападот не бил резултат на зовриени емоции кои еруптирале, туку е организиран и спроведен напад од страна на обвинетите, рече во воведното образложение на обвинението, обвинителката Вилма Русковска.

Русковска кажа дека имало повеќе групи и секоја имала своја улога за спроведување на сценариото.

-Од доказите кои ќе ги презентираме ќе докажеме дека групата била предводена од Александар Василевски – Нинџа и Никола Митревски Кољо кои заедно го планирале насилниот упад и го координирале, знаејќи дека можат да сметаат на другите обвинети, кажа обвинителката.

Во другата група, според неа, се оние кои требале да го спроведат законот, но наместо тоа се ставиле на станата на напаѓачите.

-Судот ќе се увери дека некои од нив намерно го одолговлекувале ангажирањето на дополнителни полицајци и со умисла ги тргнале професионалците. Посебна група биле пратениците кои ги отворија вратите од Собранието иако биле свесни дека напаѓачите се таму да создадат хаос, и организаторите на „Заедничка Македонија“ кои со своите потпалувачки зборови ја повеле масата кон Собранието, рече Русковска.

Се започнало во 14.39 часот

Според обвинителниот акт,  се започнало во 14.39 часот, кога Благоја Василевски кој тогаш, а и сега му е телохранител на Никола Груевски од телефонски број во сопственост на владината Служба за општи и заеднички работа му се јавува на брат му Александар Василевски Нинџа наводно да го праша за здравјето на мајка им. По ова започнуваат телефонските јавувања од Нинџа и Никола Митревски Кољо кои собираат 68 лица припадници на патриотски здруженија во кафе барот „Дион“ во ГТЦ.

По наредба на Нинџа, Кољо со обвинетиот Младеновски заминуваат во продавницата „Камуфлажа“ од каде прво купуваат 30 фантомки,а потоа набавуваат уште 30.

Во 17 часот почнуваат протестите пред Владата од каде насобраните демонстранти се упатуваат кон Собранието. Во тоа време, во Собранието Зеќирија Ибрахими од собраниската говорница ја пее албанската химна.

– И што прават тогаш пратениците кои со месеци ја бранеа државата од т.н тиранска платформа?, праша обвинителката и одговори: ,,Ништо, тие молчат а претседавачот Трајко Вељаноски не ги  исклучува микрофоните“ , рече Русковска.

Кога пратениците ги отвораат вратите во Собранието влегуваат и лицата со фантомки на главата. Дел од нив кон прес салата каде што беа пратениците на СДСМ, ги води началникот на личното обезбедување на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски кој според обвинението бил во постојана комуникација со Чавков. Но, Чавков е недостапен за тогашниот министер за внатрешни работи Нухиу, кој му звони и му пишува пораки но тој не му одговора.

За време на насилството во Собранието, полицијата имала „наредба за пасивна употреба на сила – ова значи дека полицијата не требала да презема ништо“ рече Русковска.

Во ваква ситуација, Нухиу дава усна наредба да интервенираат специјалните полициски сили, но наредбата на министерот за внатрешни работи не се спроведува. Според Обвинителката од доказите ќе се утврди дека Чавков од почеток  е информиран за сите случувања.

Целта на групата била да создадат чувство на несигурност и страв кај граѓаните и да го загрозат уставниот поредок на РМ, додаде Русковска.

Aдвокатите на обвинетите: Нема ниту „Т“ од делото за кое се обвинети

Дел од адвокатите на обвинетите во своите воведни зборови рекоа дека обвинетите не го сториле делото кое им се става на товар. Нема ниту „Т“ од делото за кое ги обвинувате рече адвокатот на пратеникот Крсто Мукоски. И тој и адвокатот на пратеникот Сашо Василевски рекоа дека пратениците со ниту едно свое дејствие не го загрозиле уставниот поредок и не го спречиле изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Тие кажаа дека во текот на постапката ќе докажат дека „ не постоела умисла ниту намера за уривање на уставниот поредок“, туку дека нивните клиенти на 27 април  биле на своите работни места – во Собранието .

Претходно, дел од адвокатите приговараа дека  Обвинителството не ги доставило сите докази до нив, по што обвинителката Вилма Русковска ги повика да дојдат во Обвинителство и да ги земат записниците од сослушување на сведоци кои им недостигаат.

Митко Чавков

По завршувањето на денешното рочиште, обвинителката Русковска изјави дека Обвинителството делото ќе го докажува со 36 сведоци и со други материјални докази и видео снимки од телевизите и од камерите во Собранието. Истрагата продолжува и за други лица, но Русковска не сакаше да прецизира дали новата истрага ќе ги опфати и нарачателите на делото.

На прашањето зошто Обвинителството го спомена името на Никола Груевски и дали и тој е дел од истрагата, Русковска рече дека „Обвинителството не работи на основа на претпоставки, туку на докази, а за сега обвинетите имаме докази дека го сториле делото.

Судењето продолжува утре.

Јохан Тарчуловски

Што содржи обвинението

Јавното обвинителство на Република Македонија, во март годинава објави дека е поднесен обвинителен акт против 30 лица, од кои 28 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од чл.313 од Кривичниот законик, а две лица за помагање при вршење на истото кривично дело. Според ЈОРМ, со обвинителниот акт се опфатени три лица, припадници на структурите на Министерството за внатрешни работи, кои како овластени службени лица биле носители на „златна“ и „сребрена“ команда, како и лица кои биле учесници во друга група, како организатори на движењето „За заедничка Македонија“.

Основниот суд Скопје 1, на 28 јуни годинава, информираше дека првата главна расправа по предметот, поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието, е закажана за 22 август годинава во 10 часот, а за следниот период се закажани вкупно 37 термини за главна расправа, за што веќе се изготвуваат наредби за спровод за обвинетите кои се наоѓаат во куќен притвор како и покани за останатите странки во предметот.

Од обвинетите 11 лица се во притвор, 13 се во куќен притвор, а осуммина имаат мерки за претпазливост и гаранции. Нивната намера, според обвинителството, била да го загрозат уставниот поредок и да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Според обвинението, Чавков како носител на „златна команда“, иако постојано добивал известувања дека во Собранието е загрозен животот на новинарите и на пратениците, со уште двајца носители на „сребрена команда“ не издале наредби за распоредување на дополнителни и специјални полициски сили за внатрешно и надворешно обезбедување на Собранието, не издале наредба за евакуација и им овозможиле на насилниците да влезат внатре. Чавков беше притворен, но со гаранција во вредност од 600.000 евра во недвижен имот тој беше пуштен да се брани од слобода.

Чавков на судење за 27 април

За време на денешно рочиштето, пред судот имаше неколку десетици граѓани, кои со транспаренти и извици бараа ослободување на обвинетите.

 

27.април обвинение Русковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.