Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русковска: Тврдењата дека Камчев споменувал политичари во исказот се дезинформации

0
By Соња Петрушевска on August 27, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Она што во некои медиуми беше пренесено како исказ на Орце Камчев во делот на политичарите воошто не е точен, изјави денеска шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска. Таа негира дека било кој политичар бил споменат во исказот на Камчев како што објавија дел од медиумите наводно повикувајќи се на записникот од исказот што Камчев го дал кога ја поднел кривичната пријава.

-Станува збор за дезинформации на одредени медиуми. Заев е споменат само во делот каде што Јордан Камчев кажува дека пријавил и кај него. Ниту еден друг политичар не е споменат, кажа  Русковска, откако пред Советот на јавни обвинители го презентираше досието за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во однос на предметот „Рекет“.

Во однос на истрагата за тоа како документот протекол во јавноста, Русковска кажа дека се уште трае и повтори дека адвокатите на Камчев и Камчев лично како сведок не го добил записникот од исказот.

-Записници за сведоци и за лица од кои се бараат известувања не им се доставуваат, ниту записници од примање кривична ппријава. Пред завршување на истражната постапка кога ќе се донесе известување за завршена истрага, тогаш препис се дава на одбраната и на осомничените, рече Русковска.

Русковска рече дека интензивно се работи и на финанисиската истрага. „За дел од парите знаеме каде завршиле, за другото се работи, но во оваа фаза на истрагата не можам да кажам во јавноста детали од истрагата“, рече Русковска.

Русковска потврди дека утринава во Обвинителството за организиран криминал, екс директорот на „Т мобиле“ Жарко Луковски побарал да го дополни исказот кој претходно го дал како сведок.

Русковска не кажа детали од исказот кој Камчев вчера го дал во Обвинителството, но рече дека добиле „дополнителни инфомации“.

Во Советот на јавни обвинители обвинителката го образложи случајот „Рекет“ и причините зошто Катица Јанева е во привор. Пред обвинителите таа ги презентирала сите докази кои до овој момент ги имаат за „Рекет“,  изјавите што ги дале сведоците и пријавата што ја поднел Камчев.

Русковска нема информација каква е здравствена состојба на Јанева и дали адвокатскиот тим подготовува жалба на мерката притвор поради сериозно влошена здравствена состојба.

Советот на јавни обвинители се уште одлучува дали ќе покрене постапка за разрешувае на Јанева и за избор на в.д. обвинител на СЈО.

 

Јанева Камчев Луковски Рекет Русковска Совет на јавни оббинители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.