Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги,кој беше ликвидиран на 2 октомври во Конзулатот на С. Арабија во Истанбул, го фрлиле неговото тело во канализација, откако претходно било растопено во киселина, објави турскиот весник „Сабах“.
Анализа на примероци од канализацијата во резиденцијата на Конзулатот овозможило откривање траги на киселина, објави провладиниот весник не наведувајќи извори.
Истражителите оценуваат дека телото на новинарот било растопено во киселина и потоа фрлено во канализација. Откако претходно негираа негово убиство, саудиските власти на крајот објавија дека новинарот бил убиен во операција што официјален Ријад „не ја одобрил“.