Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД: Бран отпуштања и закани за оние што го слават убиството на Чарли Кирк

0
By Zoran Ivanov on September 14, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 14, 2025 15:31

Десетици објави и пораки на социјалните мрежи што наводно го слават убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк се во фокусот на конзервативните активисти, функционери од Републиканската партија и веб-страници што организираат онлајн кампањи за казнување на корисниците што ги објавиле, пренесуваат американските медиуми.

Десничарската активистка Лора Лумер, еден американски сенатор и сајтот „Да ги откриеме убијците на Чарли“ ги истакнаа лицата што објавиле пораки за убиството на Кирк во средата. Сајтот, чиј домен е анонимно регистриран, тврди дека не е платформа за онлајн прогон, но објави дека до саботата попладне примил речиси 30.000 пријави. „Овој сајт наскоро ќе стане пребарлива база на податоци со сите 30.000 пријави, сортирани по локација и индустрија. Ова е постојано и редовно ажурирана архива на радикални активисти што повикуваат на насилство“, се наведува на страницата.

„Време е администрацијата на (американскиот претседател Доналд) Трамп да ги затвори, да ги укине финансиите и да ги гони сите левичарски организации“, напиша Лумер на Икс по убиството на Кирк. „Мора да ги запреме овие луди левичари. Еднаш засекогаш. Левата страна е закана за националната безбедност“, посочи таа. Лумер во четвртокот опиша дека останала будна цел ноќ и се заколна дека ќе ги разоткрие сите оние кои, според неа, го исмејувале Кирк или „го прославувале“ убиството на десничарскиот активист. „Ќе ве натерам да зажалите што сте отвориле уста“, порача таа.

Сепак, одговорите на нејзиниот повик до Трамп да ги гони американските либерали во име на Кирк беа преплавени со снимки од долга објава од 13 јули во која го критикуваше убиениот 31-годишник како „шарлатан“ и „политички опортунист“ кој се занимава со „ментални гимнастики“ и „му забодува нож на Трамп во грб“. Во тоа време, Кирк се изјасни против воените напади насочени кон Иран, кои ги нареди Трамп. Кирк, исто така, гласно побара целосно објавување на материјалите што се однесуваат на гонењето на Џефри Епстајн, поранешниот пријател на Трамп, кој во 2008 година се изјасни за виновен за барање проституција од малолетничка, а во 2019 година почина во затвор додека чекаше судење по обвинение за федерална трговија со луѓе. Лумер во тие денови рече дека е исто така вознемирена што, само една година откако Трамп преживеа обид за атентат во Пенсилванија, Кирк го покани комичарот Дејв Смит на конференција откако овој повика на импичмент на републиканскиот претседател и неговите поддржувачи да го „напуштат“. „Никогаш повеќе не сакам да го чујам [Кирк] како тврди дека е про-трамповец“, напиша Лумер во објавата, додавајќи дека неговата организација Turning Point Action напредувала „благодарение на великодушноста“ на претседателот. „Чеснo е да се има став и да се брани до смрт наместо да се менува мислење. Навистина е срамота. И искрено, згрозена сум од постојаните промени на мислење на десницата“.

Покрај тоа, реакциите на Лумер на насилството насочено кон Кирк – широко осудено од демократските политички лидери – беа во остар контраст со нејзината првобитна реакција на веста дека маж со чекан го претепа сопругот на тогашната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Нанси Пелоси, во нивниот дом во 2022 година. Лумер во тоа време ја поддржа неоснованата теорија на заговор дека Пол Пелоси можеби бил жртва на маж со кој се запознал преку апликација за дружење. Подоцна се откри дека напаѓачот е десничарски теоретичар на заговор, Дејвид ДеПејп, кој ја барал Ненси Пелоси кога го сретнал нејзиниот сопруг. ДеПејп подоцна беше осуден на доживотен затвор.

Во меѓувреме, Ем-Си-Ен-Би-Си го отпушти политичкиот аналитичар Метју Дауд поради изјава дека реториката на Кирк можеби придонела за неговото убиство.  Кирк беше голем застапник на правото на Американците да носат оружје и деновите по неговото убиство често се цитира неговата изјава од 2023. „Мислам дека вреди да има цена, за жал, од некои смртни случаи од оружје секоја година, за да го имаме Вториот амандман кој ги штити нашите други права дадени од Бога. Тоа е разумна зделка. Тоа е рационално. Никогаш не зборуваат вака. Тие живеат во целосно алтернативна реалност. „Мислам дека вреди да се плати со, за жал, неколку смртни случаи од огнено оружје секоја година, за да го имаме Вториот амандман и да ги заштитиме нашите други права дадени од Бога. Тоа е разумна зделка. Тоа е рационално. Никој не зборува вака. Тие живеат во целосно паралелен универзум“.

Трамп  изрази задоволство од отпуштањето на аналитичарот Дауд. – Го отпуштија Дауд од MSNBC, ужасен човек, но слушам дека отпуштаат и други, изјави Трамп за Фокс Њуз.

Републиканската сенаторка Марша Блекбурн од Тенеси побара отпуштање на вработен во тамошен универзитет поради коментар дека „нема ни грам сочувство“ за смртта на Кирк. Универзитетот за Си-Ен-Ен потврди дека вработениот е отпуштен.

Оние што се цел на кампањата велат дека добиваат закани и стравуваат од насилство. Канадската новинарка Рејчел Гилмор изјави дека е „преплашена“ од можни одмазди од „десничарските фанови“ на Кирк. с

 

кирк отпуштања САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормускиот теснец ќе биде отворен штом ќе се потпише…

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.