Денеска во САД треба да се вакцинира првиот пациент како почеток на клиничкото испитување на вакцина за заштита од новиот коронавирус,, соопшти неименуван претставник на американската Влада.
Експериментот ќе биде спроведен во Институтот за истражување на здравјето во Сиетл, а ќе го спроведе Националниот институт за здравје. Според експертите, за потврда на ефектите од вакцината се потребни од 12 до 18 месеци.