Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Саџид Џавид е нов министер за внатрешни работи на Велика Британија

0
By Нова ТВ on April 30, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 30, 2018 17:55

Саџид Џавид е назначен за нов министер за внатрешни работи на Велика Британија, откако Амбер Руд поднесе оставка, јави „Би-би-си“.

Џавид е син на пакистански мигрант, кој во 1960-тите години дошол во Велика Британија и работел како возач на автобус.

Тој досега бил министер за локална самоуправа и домување, а бил и поранешен директор на Дојче банк.

Амбер Руд поднесе оставка поради обвинувањата дека ги довела во заблуда застапниците во поглед на третманот со имигрантите, како и поради справувањето со т.н. „Скандал Виндраш“.

Притисокот врз Руд се зголеми откако весникот „Гардијан“ објави дека на жителите на островот кои во Велика Британија пристигнале од Карибите во децениите по Втората светска војна, неодамна им била одбиена медицинската нега во Британија, а им биле упатени и закани за протерување бидејќи немаат документи кои го докажуваат нивното право на престој.

Станува збор за британски граѓани кои припаѓаат на т.н. „генерација Виндраш“, наречена по бродот „Емпајр Виндраш“ со кој во годините по Втората светска војна стотици карипски мигранти дошле во Велика Британија за да помогнат во обновата на земјата по војната.

Иако како граѓани на поранешните британски колонии имаат право на легален престој во Велика Британија, положбата им е отежната поради новите, построги правила воведени во 2012 година.

Градоначалникот на Лондон, член на опозициските лабуристи, Садик Кан изјави дека тоа што се случило со „генерацијата Виндраш“ не е исклучок, ниту административна грешка, туку последица на непријателското опкружување кое го создала владата на Конзервативците.

Инаку, повлекувањето на Руд, еден од најблиските министри до Тереза Меј, се толкува како голем удар за британската премиерка пред локалните избори закажани за 3 мај.

Амбер Руд Велика Британија Министер за внатрешни работи Саџид Џавид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.