Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Саити: Важно е во новиот закон за ЈО да имаме кристално чисти и јасни одредби

0
By Нова ТВ on July 28, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Здружението на судии, Џемали Саити за новото законско решение за Јавното обвинителство (ЈО) вели дека воопшто не е важно во какви услови е донесено туку што ќе се вгради како одредба.

„Се надевам дека ќе имаме помалку контроверзни одредби туку кристално чисти и јасни одредби што ќе ја олеснат работата на судството, вели Саити во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

Тој зборува и за тоа како „Рекет“ ќе се одрази врз судството, врз СЈО и за ветингот.

„Генерално сметам дека оваа постапка негативно ќе влијае на рејтингот на судството, на довербата иако, да бидам искрен, се води поприлично јавно, но и поприлично, да речам, на некој фолклорен начин, затоа што сè уште немаме ние конкретни акти по однос на предметот. Последиците по СЈО се познати, негативни се. Ќе се обидат веројатно политичките чинители да најдат решение, рамка, како тоа да се ублажи во однос на целата структура на СЈО, но тука се согласувам и со мислењето на професор Гордан Калајџиев, кој истакна дека судбината на СЈО, сепак, е врзана со првиот човек, затоа што СЈО е јавниот обвинител. Сите други се во функција на вршење на таа дејност“, вели Саити.

Во интервјуто посочува ветингот треба да биде процес на самоевалуација на судиите.

„Ветингот треба да биде процес на самоевалуација на судиите, односно, ние преку нашите одлуки да потврдиме, да докажеме пред јавноста, дека навистина носиме правилно одлуки и немаме проблем со тие работи. Во ова насока мора да го истакнеме и ставот на Прибе кој вели дека имаме проблем со одредена мала група судии кои треба да се процесуираат и да се види дали навистина имаат негативен пристап во судењето. Сметам дека ветингот, пред да се пристапи кон овој процес, доколку се пристапи, треба навистина да се обмисли од аспект на последиците по него, дали ние сакаме прочистување на судии или сакаме состојба да нема кој да суди. Тоа се многу симптоматични прашања, затоа сметам дека премиерот Зоран Заев можеби овие аспекти ги опфаќа, вели Саити во интервјуто.

закон Одредби Рекет СЈО Џемали Саити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.