Сајбер нападите кои се случија во петокот зафатиле 200.000 луѓе во 150 земји, соопшти шефот на Европол, Роб Вејнрајт.

Тој не ја исклучува можноста нападите да продолжат во понеделник наутро.

Вирусот со кој се земаа документи и пари од луѓето, најмногу ги погодил државјаните на Велика Британија и Русија.

Според експертите за интернет безбедност, неизбежен е нов напад кој може да биде невозможно да се спречи.

Алатките кои напаѓачите ги искористиле биле украдени од американската Агенција за национална безбедност (НСА).

Кога компјутерот ќе биде инфициран од вирусот, тој ги пронаѓа сите податоци, ги шифрира со клуч што му е познат само на хакерот и остава порака.

За отклучување на податоците хакерот бара пари во спротивно податоците или ги уништува или ги чува за своја корист.