Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Салах Абдеслам осуден на 20 години затвор за престрелката во Брисел

0
By Нова ТВ on April 23, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судот во Брисел денеска го осуди Салах Абдеслам на 20 години затвор за терористички обид за убиство врз полицајци.

Абдеслам, единствениот преживеан од терористичките атентати во Париз на 13 ноември 2015, е осуден на 20 години затвор за престрелка со полиција во Брисел на 22 март 2016 година.

Абдеслам беше единствениот чиј експлозивен појас не се активираше за време на париските атентати. Веднаш по париските атентати тој успеа да побегне во Брисел каде со месеци се криел во повеќе станови низ градот. Абдеслам беше откриен од белгиската полиција кон средината на март 2016 година во стан во општината “Форе“ во Брисел. Кога се обиде да побегне почна престрелка во која еден полицаец беше тешко повреден.

Една недела подоцна се случија бриселските напади на 22 март 2016 година.

Судот одлучи дека Абдеслам е виновен за обид за убиство врз полицајци во терористички контекст.

Одбраната на Салах Абдеслам бараше од судот да го отфрли „терористичкиот контекст“ од пресудата, што беше денеска одбиено.

Судот, повикувајќи се на писма испратени од Абдеслам до неговата мајка, во кои тој пишува дека му е верен на лидерот на Исламската држава, Абу Бакр Ал-Багдади и во кои наведува дека Алах го води во борба против „непријателите“ за да „престанат да бомбардираат“, оцени дека терористичката природа на обидот за убиство треба да биде задржана, како што бараше Обвинителството.

Понатаму Судот оцени дека Абдеслам, кој за време на судењето во февруари одлучи да молчи и да не одговара на прашањата на судот, и понатаму „преставува опасност“ за општеството и не покажува дека „ги мери своите акти“.

Абдеслам, кој е во притвор во Париз, на бриселското судење дојде само првиот ден февруари. Тој тогаш одржа говор во кој порача дека има доверба само во „судот на Алах“. Тој не беше присутен ниту денеска во судницата кога се читаше пресудата.

Абдеслам треба во 2020 година да одговара и за самите терористички атентати во Париз.

Брисел полицајци престрелка пресуда Салах Абдеслам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.