Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сали: 60 отсто од болниците се веќе полни, граѓаните да продолжат со вакцинацијата

0
By Biljana on January 21, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 21, 2022 17:03

Министерот за здравство Беким Сали попладнево изјави дека болничките капацитети во земјава за ковид пациенти се исполнети околу 60 отсто.

Тој исто така испрати апел до граѓаните вакцинацијата да продолжи.

„Во постоечките болници исполнетоста е од 55 до 60 отсто, од аспект на кревети, што значи болниците се уште имаат капацитет за исполнување. Тоа се општите болници по градовите, Инфективната клиника и „8 Септември“. Сепак, преземаме мерки за подготвеност и за во текот на идната недела“, изјави Сали.

Тој напомена дека навремено преземаат мерки за анализа на состојбата и за исполнетост на болниците. Додаде дека се уште сме далеку од потребата за именување на одредена клиника во ковид центар.

Посочи дека се уште е рано да се зборува за укинување на Ковид-сертификатите зашто нивото на вакцинација на населението во земјава е многу помала во однос на другите земји.

„Многу е важно да продолжи имунизацијата зашто досегашните резултати не ни покажуваат дека нашата популација е доволно имунизирана“, изјави Сали за Сител.

Апелираше до граѓаните вакцинацијата да продолжи со цел, како што рече, да ги постигнеме барањата кои веќе се исполнуваат во други држави, а се релевантни барања и на почитувани професори или лица кои даваат јавни изјави и повици.

Напомена дека секоја одлука која се носи од Комисијата за заразни болести е релеванта и дефинитивна, а секоја друга одлука, изјава на поединци е врз основа на некои анализи во странство, но не за околностите во нашата држава.

Најави дека наскоро ќе има надградување, проширување на Комисијата за заразни болести со квалитетни кадри, но не соопшти нови имиња.

Беким Сали вакцинација Ковид-19 Министер за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.