Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самит Софија: Преговорите за спорот, позитивен пример во регионот

1
By Нова ТВ on May 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Демократија што испорачува: Десет години после откочувањето на потенцијалите на Западен Балкан“ е темата на која премиерот Зоран Заев ќе говори денеска на конференција во Софија, каде утре започнува дводневниот Самит ЕУ- Западен Балкан.

Конференцијата е во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и на тинк-тенк организациите Центар за демократски студии и Балканскиот европски фонд, како и на Самитот на лидери и шефови на влади на Партијата на европските социјалисти (ПЕС).

Што ќе му донесе Самитот во Софија на Балканот?

Поврзаност во транспортот, енергијата и дигиталната инфраструктура, образованието и други аспекти се теми на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, а кој се одржува во организација на бугарското претседателство со ЕУ. На самитот ќе присуствуваат лидерите на државите-членки на Унијата и од регионот. Со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, кој ќе ја претставува ЕУ, заедно со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Еврокомесарот за проширување Јохане Хан, во интервју за грчкиот весник „Та Неа“ вели дека на Самитот уште еднаш ќе се потврди европската перспектива на земјите од регионот, но Самитот нема да се сведе само на изјави, туку ќе има и конкретни проекти.

– Ќе презентираме пакет интерконекции со конкретни проекти во областа на транспортот, енергијата и дигитализацијата, што ќе ги зајакнат врските на земјите од Западен Балкан во самиот регион и со Европската унија. Овој пакет ќе ги зајакне инвестициите, со што ќе го поддржи економскиот развој и ќе создаде работни места. Исто така, тој ќе даде придонес во духот на Берлинскиот процес за подобра размена и разбирање во регионот, вели Хан.

Премиерот Заев, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествуваат во активностите на официјалната агенда на Самитот на 17 мај.

Што се однесува до Западниот Балкан, лидерите на ЕУ, освен што ќе ја потврдат „европската перспектива“ за Западниот Балкан, ќе ја нагласат важноста на проектите од областа на конективноста – како инфраструктурна така и дигитална – помеѓу земјите од регионот и со земјите од ЕУ.

Дипломатските извори велат дека реакцијата на ЕУ ќе зависи од акцијата на земјите, односно дека главната одговорност за интеграција во Европската Унија ја имаат самите држави кандидати и аспиранти, не ЕУ.

Решавањето на спорот меѓу Македонија и Грција е наведен како пример за позитивна акција од регионот, кој би предизвикал позитивна реакција од лидерите на ЕУ.

Средба Заев – Ципрас

Во фокусот на јавноста во Македонија и Грција сепак е најавената средба меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Заев и Алексис Ципрас, која треба да се одржи утре на маргините на самитот и која, иако беше најавувана како клучна во процесот на решавање на спорот за името, сепак, со последните изјави и од македонската и од грчката страна, не се очекува да донесе конечен договор за името. 

– Не можам да кажам дека имаме договор. Успехот што досега го постигнаа министрите за надворешни работи е за почит. Се надевам дека токму на маргините на Самитот на ЕУ и Западен Балкан и на средбата што ќе ја имам со грчкиот премиер Ципрас ќе можеме да ги потврдиме досегашните успеси и ако не друго да проговориме за начините за изнаоѓање на решение, изјави вчера Заев.

Тој истакна дека Самитот во Софија не е краен рок.

Ципрас вчера телефонски разговараше со претседателот на Европскиот совет Туск за напредокот во преговорите, како и за подготовките за претстојниот Самит на ЕУ- Западен Балкан.

– За време на разговорот, претседателот Туск ги поздрави напорите што ги прави грчката Влада за решавање на разликите со нејзините соседни земји, што исто така е предуслов за нивна интегративна перспектива. Премиерот потенцираше дека Грција секогаш ќе има конструктивна улога за стабилноста и развојната перспектива на Балканот, соопшти кабинетот на Ципрас.

Портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос вчера изјави дека во преговорите е направен значителен напредок, „но сѐ уште не сме блиску до исходот од преговорите и постигнување договор“. Претстојната средба на двајцата премиери ја оцени како исклучително корисна и важна.

– Но, во никој случај не можеме да предвидиме дека ќе се постигне договор и многу веројатно дека ќе биде потребна и следната рунда со цел да се покрие дистанцата што ги дели двете страни, рече и додаде дека грчката Влада продолжува „стабилно и одлучно да ја брани националната линија за сложено име, што ќе важи за сите, нешто за што предуслов, по дефиниција е ревизија на Уставот”.

Во однос на евентуалниот меѓународен договор меѓу двете земји, што би содржел и како би се имплементирал, Ѕанакопулос вели дека „останува уште доста пат да се изоди за да се стигне до онаа точка кога ќе се разговара за правно-техничките детали на еден можен меѓународен договор меѓу двете страни”.

Опцијата е меѓународен договор

Грчкиот весник „Катимерини“ вчера објави дека врз основа на три различни текстови, два од министрите за надворешни работи, и еден од медијаторот, Скопје и Атина продолжуваат да бараат решение. Според весникот, ниту еден од овие текстови не е конечен и дефинитивен. Во изминатите денови со брз ритам се пишуваат, се бришат, се разменуваат, сè со цел да има напредок пред средбата на премиерите на двете земји во Софија, а главната разлика во разговорите и понатаму е ерга омнес.

– Според информациите, врз база на подготовката што беше направена, основно сценарио за разговорите на двајцата лидери ќе биде она за склучување меѓународен договор, што ќе треба да биде одобрен од парламентите на двете земји. Во овој текст, според информациите, ќе постои условеност, интеграцијата на ПЈРМ во НАТО да „се отклучи“ кога ќе се направи ревизија на Уставот на соседната земја и на овој начин ќе се гарантира ерга омнес. Постои сериозна веројатност двајцата премиери да се сретнат два пати, во среда вечер и во четврток наутро, објави „Катмерини“.

И во Брисел сметаат дека оваа недела нема да има решение, но како што истакнуваат високи дипломати од европската престолнина, важно е да има решение за грчко-македонскиот спор на почетокот на јуни, што би можело да е клучно за позитивна одлука на Европскиот Совет во јуни.

 

Заев Катимерини Конрад Аденауер Преговори за името Самит ЕУ Западен Балкан Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.