Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ извесен во финансискиот дел – неизвесен до крај во политичкиот

0
By Mirjana on October 6, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 6, 2021 09:33

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествуваат на Самитот на ЕУ за Западен Балкан.

Во пресрет на Самитот, многу угледни европски и светски медиуми излегоа со воздржани очекувања од Собирот во поглед на одредување временски рок во кој Унијата би се заложила за прием на земјите од Западен Балкан.

Американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор со шефицата на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен, побарал Европската Унија да им овозможи на земјите од Западен Балкан јасна европска перспектива а Северна Македонија  да биде дел од проширувачкиот процес.

И денеска , медиумите лиферуваат изјави од европски лидери и прогнози за содржината на Декларацијата како финален документ од Самитот.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц синоќа во Љубљана истакна дека Австрија би сакала датум за проширување на ЕУ за земјите од Западен Балкан.

– Ако нема датум, тогаш тоа често значи дека темпото се забавува, рече Курц во изјавата за новинарите пред денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан.

Тој оцени дека е позитивно што се одржува Самитот ЕУ-Западен Балкан и дека постои заложба на Унијата за проширување, а на прашањето за шпекулациите дека францускиот претседател Емануел Макрон нема да ја смени својата цврста позиција за проширување на ЕУ пред претседателските избори, Курц рече дека таквиот пристап го смета за погрешен.

Курц изрази задоволство што повторно се одржува директна средба со претставниците на земјите од Западен Балкан, потсетувајќи дека последниот таков состанок беше во 2018 година, пред пандемијата.

Хрватска го поддржува процесот на проширување на Европската унија кон соседните земји, изјави премиерот на земјата Андреј Пленковиќ во Словенија и предупреди дека без јасна порака до Југоисточна Европа за нејзината европска перспектива, се отвора простор за други глобални сили во тоа област.

– Позицијата на Хрватска е многу јасна. Ја поддржуваме европската перспектива, процесот на проширување на ЕУ во нашите соседни земји. Ние веруваме дека ова е исклучително важно и оти треба силно да ја испратиме оваа порака, изјави Пленковиќ пред неформалната работна вечера со колегите од ЕУ.

Како што јави Хина, тој додаде дека декларацијата ќе содржи термини како што се европска перспектива и процес на проширување, но рече дека „не е реално да се очекува“ дека ќе се наведе и временската рамка за влез на тие земји во ЕУ.

Словенечкото претседателство со Советот на ЕУ предложи во декларацијата да се наведе дека ЕУ треба да биде подготвена да ги прифати сите земји од Западен Балкан најдоцна до 2030 година.

– На тоа се противат пред сè земјите од Западна Европа, но добро е да се постави прашањето за временската рамка, рече Пленковиќ

Бугарија потврди дека не ја променила својата позиција и дека нема да ја одобри преговарачката рамка за членство на Северна Македонија во ЕУ, јавува софиското издание „Медиапул“ во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан .

Како што јави дописникот на МИА од Софија, сепак, според изданието, шатл дипломатијата ќе продолжи и за време на форумот во Словенија.

Во пресрет на Самитот, бугарската потпретседателка Илијана Јотова за БНР изјави дека нема причина да се промени позицијата на Софија за Северна Македонија и покрај „сериозниот притисок на кој Бугарија ќе биде подложена од нејзините европски партнери“. Таа е категорична дека за неа најважно е „да се почитува правата на граѓаните во Република Северна Македонија со бугарско национално чувство.

 

Брдо Крањ ЕУ- Западен Балкан Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.