Министерот без ресор задолжен за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија, Самка Ибраимовски, најави дека ќе ја напушти министерската функција и оти ќе биде пратеник во Собранието, соопшти неговиот Kабинет.
Оттаму наведуваат дека Ибраимовски денеска ќе потпише изјава во ДИК дека го прифаќа пратеничкото место. Тој на парламентарните избори беше кандидат на СДСМ и коалицијата во Петтата изборна единица.