Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самка Ибраимовски побара 24 часовно полициско присуство во Шуто Оризари

0
By Нова ТВ on February 1, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 1, 2019 15:53

Пратеникот од Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски денеска на прес-конференција изрази жалење за инцидентот што се случи деновиве во Шуто Оризари и побара од МВР да даде одговор што навистина се случило, а притворените полицајци кои тој рече дека биле Роми да бидат пуштени од притвор и да се бранат од слобода или да се стават во домашен притвор.

„Бараме од Внатрешната контрола на МВР да утврди што навистина се случило таа вечер во Општина Шуто Оризари и што луѓето, кои се познати како ненасилни и мирољубиви, ги натера на неконтролирано однесување, што на крај заврши за жал, и со примена на сила врз, во тој момент за нив, наводни грабнувачи на деца“ рече Ибраимовски.

Ибраимовски додаде дека на Фејсбук се испраќале закани до семејствата на притворените полицајци и за  да не се случи ескалирање на ситуацијата побара од МВР да распореди мобилна полицајци во Шуто Оризари кои ќе дежураат 24 часа, но и да се формира полициска станица во општината, која  брои околу 30.000 жители.

Според него, ако во општината имало мобилна полициска станица до овој инцидент воопшто не би дошло. Кажа и дека дента пред да се случи настанот, група граѓани од Општина Шуто Оризари дошле кај него да се пожалат дека деновиве низ општината се движат сомнителни возила со затемнети стакла и без регистарски табличкки, што кај нив создава загриженост и стравување за нивните деца. Побарале од него да се заложи кај МВР да интервенира или да распореди мобилна полиција.

Тој порача дека овој случај не смее да ги наруши односите меѓу Ромите и Албанците кои живеат во општината и апелираше на воздржаност од двете страни

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска повтори дека двајцата вработени во МВР за кои е одреден притвор во врска со настанот во Шуто Оризари од 28 минатиот месец во моментот кога се случил инцидентот не биле службено во населбата.

„ Тие таму не дошле ниту по нечија дојава, ниту по некаква објава на фејсбук, туку биле приватно на поминување низ населбата“ рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи кажа дека ден пред инцидентот на фејсбук имало објава за наводно киднапирање на деца во Шуто Оризари и додаде оти тоа било мотивот за целата оваа случка поради што и тој самиот го споделил со јавноста.

За инцидентот се поднесени седум кривични пријави. За двајцата осомничени припадници на МВР е одреден притвор во траење од 30 дена.

„Тие се осомничени дека заедно со уште пет други лица за кои води постапка во ОЈО – Скопје извршиле грубо насилство врз тројца оштетени. Бидејќи осомничените се сомневале дека оштетените лица наводно грабнале дете од Шуто Оризари, тие ги пресретнале и насилно ги извлекле од патничкото моторно возило „хјундаи галопер“ без регистарски таблички. Притоа физички ги нападнале, удирајќи ги со тупаници и клоци и нанесувајќи им телесни повреди“ соопштија од ЈО.

Во инцидентот што се случи на  улицата „Индира Ганди“, во Шуто Оризари двајца полицајци и уште едно лице  беа нападнати. Едниот полицаец имаше сериозни повреди на главата.

 

Ибраимовски полицајци Спасовски Шуто Оризари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.