Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самохрана мајка: Со 300 евра треба да плаќам школарина за две деца

0
By Нова ТВ on August 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика кои се потписници на Правилникот со кој е одлучено, олеснување со плаќање на партиципација да имаат само оние деца чиј еден родител е починат или му е одземено родителското право велат дека засега не постои можност да се измени овој Правилник, затоа што ќе треба да се менува и Законот за семејства.


Заработувам 300 евра месечно, а школарината за двете деца кои одат на факултет е 400 евра. Алиментација не сум добила 11 години, а немам никаква друга помош од државата. Ова за НОВА ТВ го раскажa самохрана мајка која по вчерашната сторија за дискриминацијата на самохраните родители ја контактираше нашата редакција.

Таа вели ја фрустрира дискриминацијата на самохраните родители и поделбата околу прашањето за партиципациите кои се плаќаат при упис на факултет.

„Не може да бидат ослободени само децата на самохраните родители кои го изгубиле сопружникот или другиот родител го изгубил родителското право. Сите деца кои се деца на самохрани родители треба да имаат некакво олеснување, особено оние кои не добиваат алиментација. Јас имам два сина едниот студент на ФИНКИ и едниот се надевам од октомври студент на Медицина. Како самохран родител со една плата од 18.000 денари како да ја платам партиципацијата од 200 евра за првиот семестар за едниот син и партиципацијата исто од 200 евра за другиот син. Поголемиот син кога се запиша на факултет беше во државната квота која е 200 евра годишно меѓутоа децата ги бутаа на испити за да запишат квадрат и автоматски да ги префрлат во приватна квота која е 400 евра“, вели мајката.

Таа додава дека не станува збор за правото на исплата или пак поведување на кривична постапка за да се добие алиментацијата од родителот кој не сака да плаќа.

„Многу самохрани родители не сакаат да поведат кривични постапки за да си го остварат правото на алиментација. Сите си имаат свои причини. Некогаш тоа се финансиските моменти, некогаш се други работи за кои и не сакаат да зборуваат а особено жртвите на семејно насилство без разлика дали е физичко или психичко затоа што не постојат пари на овој свет со кои може да се плати нивниот мир и мирот и спокојот на нивните деца“, смета читателката.

Таа вели дека многу од самохраните родители не можат ни да си ги прехранат децата а камо ли да плаќаат толкави суми за факултет. А каде се книги, пријавување на испити, дополнителни трошоци околу студирањето.

„Сепак и самохраните родители а и нивните деца се ранлива категорија во ова општество и редно е институциите веќе да се сетат и на нас“, вели нашата читателка.

НОВА ТВ вчера контактираше со Министерствата за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика кои се потписници на Правилникот со кој е одлучено, олеснување со плаќање на партиципација да имаат само оние деца чиј еден родител е починат или му е одземено родителското право. Од двете министерства ни одговорија дека засега не постои можност да се измени овој Правилник, затоа што ќе треба да се менува и Законот за семејства.

Реакции за дискриминацијата на самохраните родители имаше и од „Хелсиншкиот комитет за човекови права“ и од здружението за самохрани родители „Една може“.

Од Хелсиншкиот комитет најавија дека ќе испратат дописи до министерствата и ќе побараат да се запре дискриминацијата на самохраните родители.

  • НОВА ТВ ги охрабрува сите родители кои се соочуваат со ваков проблем да ни пишат на нашата имејл адреса или во приватна порака на нашиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

дискриминација партиципација самохрани родители студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.