Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самостојноста е изворот на интелигентното функционирање – таа и човечките вредности не се во спротивност

0
By Zoran Ivanov on July 23, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 23, 2025 18:32

Кога луѓето се здружуваат од позиција на самостојност, а не од страв, тогаш се создава вистински општествено здраво врзно ткиво, вистински здрави заедници. Тоа се заедници базирани на човекови вредности – на почит кон достоинството на секој поединец, на солидарност која произлегува од разбирање и емпатија, на правда која се темели на еднаквост и фер однос, на слобода која не се плаши од одговорноста.

Емилија Целакоска

Секој човек се раѓа сам и сам си заминува од овој свет. Оваа фундаментална вистина за човечкото постоење не треба да нè плаши, туку да нè ослободи и да ни даде јасност во секојдневното функционирање.

Всушност, самостојноста е изворот на интелигентното функционирање. Со прифаќањето на сопствената самостојност, пак, не се плашиме од туѓи мислења, не трепериме пред туѓи очекувања, не се колебаме под притисок на надворешни влијанија. Токму во тие моменти се оформува нашата способност за критичко размислување и автентично одлучување.

Меѓутоа, важно е да се прави разлика меѓу самоста и осаменоста. Самоста е избор – време што си го подаруваме на себе за растење, за разбирање, за внатрешен развој. Осаменоста, пак, е чувство на страв, чувство на беспомошност без други, дека не можеме да функционираме самостојно.

Овој страв од беспомошност заради осаменост е еден од најголемите непријатели на човечката слобода и достоинство. Тој тера на здружување од погрешни причини – не заради љубов, соработка и заеднички цели, туку заради страв од сопствената неспособност. Овој страв тера на подложност на манипулации и тиранија, подготвеност да се прифати некој друг да размислува и одлучува наместо нас, само да не мораме да се соочиме со сопствената одговорност.

Но интелигенцијата стекната во самоста – паметноста на самостојноста, треба да се употреби за самоодговорност и за земање на одлуките во свои раце. Тоа не значи изолација или егоизам, туку свесност за сопствената моќ и одговорност за сопствениот живот и за влијанието што го имаме во општеството.

Кога луѓето се здружуваат од позиција на самостојност, а не од страв, тогаш се создава вистински општествено здраво врзно ткиво, вистински здрави заедници. Тоа се заедници базирани на човекови вредности – на почит кон достоинството на секој поединец, на солидарност која произлегува од разбирање и емпатија, на правда која се темели на еднаквост и фер однос, на слобода која не се плаши од одговорноста.

Во суштина, човековите вредности се тие кои го формираат врзното ткиво на општеството. Тие не се идеолошки конструкти туку основни принципи на човечкото постоење кои ни овозможуваат да живееме заедно во хармонија и взаемна поддршка. Овие вредности се универзални, бидејќи, не само што произлегуваат од самата природа на тоа што значи да бидеш човек, туку се и овозможувач на големи, колективни проекти, како инфраструктура (патна мрежа, водоснабдување, масовна мрежа на електродистрибуција, производствени капацитети…)

Социјалдемократијата, односно добрите социјални политики во демократска слобода всушност НЕ МОЖЕ ДА Е САМО ЕДНА ИДЕОЛОГИЈА ВО АРСЕНАЛОТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ОПЦИИ. Таа мора да биде не-идеологија, односно да претставува основа, база за организирање на општеството според човечките вредности. Тоа мора да е систем што ја признава самостојноста на поединецот, но истовремено обезбедува рамка за солидарност и заедничка грижа за сите членови на општеството.

Ваквиот пристап не се базира на страв туку на разбирање дека човечкото достоинство е недопирливо, дека секој има право на развој на своите потенцијали, и дека заедницата се јакне кога секој поединец може да придонесе според своите способности и да прими поддршка според своите потреби.

Земањето на одговорноста во свои раце не е отфрлање на заедништвото, туку создавање заедништво врз здрави основи. Тоа значи одбивање на тиранијата во сите нејзини форми – била таа политичка, економска или социјална – и градење општество каде што човековите вредности се водечки принцип.

Самостојноста и човечките вредности не се во спротивност – тие се дополнуваат. Самостојниот човек е способен да ги препознае и цени тие вредности, а вредностите создаваат простор за развој на здрава самостојност кај секој поединец.

Тоа е патот кон вистинска слобода – слобода која не се плаши од одговорноста, заедништво кое не се темели на страв, и општество кое ги негува најдобрите човечки особини.

Од Фејсбук ѕидот на авторката.

 

Емилија Целакоска осаменст Самостојност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.