Претседателот на општинска организација СДСМ Центар, Саша Богдановиќ е именуван за шеф на општинскиот изборен штаб на СДСМ во Центар.

Богдановиќ вели дека ако ја добие поддршката на СДСМ да биде кандидат за
градоначалник на Центар, тогаш функцијата шеф на општинскиот изборен штаб, ќе ја
преземе друг член на партијата.

“Ми преставува осебено задоволство и чест повторно ОО СДСМ Центар да го предводам во уште една поголема победа на локалните избори. Доколку ја добијам поддршката да бидам кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата за Општина Центар функцијата шеф на општинскиот изборен штаб ќе припадне на друг наш партиски другар или другарка”, изјави Богдановиќ.