Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сашо Георгиевски, Јордан Апостолски и Наташа Бошковска кандидати за ЕСЧП

0
By Zoran Ivanov on November 26, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 26, 2025 16:29

Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур предложи тројца кандидати кои ќе бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа. Станува збор за адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска и професорот Сашо Георгиевски.

Како што информираше претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски на денешната прес-конференција, одлуката ја донеле врз основа на критериумите за висок морален углед, квалификации за судиска функција и признат правнички углед.

Мал број на кандидати што го исполнуваа вториот услов, квалификации за вршење на судиска функција. Професорот Георгиевски е признат како угледен стручњак, додека, двајцата адвокати избрани имаат неспорно значајни искуства во човекови права, рече  тој.

Како што информираше, се гласало тајно за сите кандидати, двајца од избраните кандидати добиле по пет гласа, еден четири.

До крајот на неделата имињата ќе бидат испратени до експертскиот панел на Советот на Европа, кој ќе даде конечна оценка.

Кога ќе го добиеме одговорот, ние тогаш на Владата ќе ѝ кажеме дека нашиот избор го добил или не го добил зеленото светло од експертскиот панел и во зависност од одговорот постапката продолжува, појасни Костадиновски.

Како што дополни, откако ќе ја известат Владата, таа треба да ги предложи до Комитетот при Советот на Европа.

Потоа ќе се спроведе постапка на интервјуирање од Комитетот при Советот на Европа, дури после тоа предлогот оди на пленарен состанок на Совет на Европа. Следниот е во јануари, се сомневам дека ќе стигнеме, другиот е во април, до април треба да стигнеме, рече Костадиновски.

Покрај избраните, меѓу кандидатите биле  Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ и Ана Дангова Хуг.

Претседателот на Уставниот суд информираше и дека Комисијата постапувала согласно насоките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која претходно имаше замерки за можен судир на интереси. Тој нагласи дека по одлуката на ДКСК, дел од членовите за кои било побарано изземање, се изземале од гласање за одредени кандидати.

Владата во јули годинава ја поништи претходната предлог листа и формира нова Комисија, во која наместо претходните девет, брои пет члена и тоа претседателот на Уставниот суд, Дарко Јаневски, заедно со претседателите на Врховниот суд Африм Фидани, Основниот кривичен суд Даниела Димовска, Основниот граѓански суд Бесник Авдија и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Ирина Трајкоска Стрезоски.

 

ЕСЧП кандидати Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.