Истражувањето покажало дека досега се изгубиле дури 40 %  од површината на хималајскиот ледник од што добар дел по 70-тите години од минатиот век

Глобалното затоплување предизвикува исклучително брзо топење на мразот на Хималаите, покажа истражувањето што е објавено во весникот Scientific Reports.

Тие ледници се топат побрзо отколку во било кој друг регион , поради што на две милијарди луѓе им се заканува недостаток на вода. Во светот, само на Антарктикот и на Арктикот постои повеќе мраз отколку на Хималаите, пишуваат германската и хрватската новинска агенција ДПА и ХИНА, пренесува Ал Џезира Балкан.

-Откривме дека мразот на Хималаите се топи барем десет пати побрзо од просечната брзина забележана за време на изминатите векови, изјави Џонатан Сервик, главен автор на научната работа и професор на Универзитетот во Лидс.   

– Мразот почна да се топи со зголемена брзина дури во последните неколку десетлетија а се подудара со појавата на климатските промени , предизвикани од човековата активност, се наведува во извештајот.

Недостасува време

Истражувањето покажало дека досега се изгубиле дури 40 %  од површината на хималајскиот ледник од што добар дел по 70-тите години од минатиот век.

Жителите на планините и долините по теченијата на реките Ганг, Инд и Брахмапутра како и многу други, со вода се снабдуваат точно од овие ледници.

Научниците кои работеле на истражувањето дури се на мислење дека недостасува време за спречување на идните катастрофи.

-Ова истражување е само уште една потврда дека климатските промени се забрзуваат и дека значајно ќе влијаат на целата нација и регион, изјавил коавторот на трудот Симон Кук од Универзитетот во Дандеј.