Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Ацо Ристов во РКЕ e нова алка во бизнис мрежата на Христијан Мицкоски

0
By Zoran Ivanov on March 18, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 18, 2026 14:46

Во бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката влегува уште една алка, уште една институција, Регулаторната комисија за енергетика, рече на прес конференција Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Мицкоски го избира Ацо Ристов на челот на Регулаторната комисија за енергетика. Тело кое ги носи сите одлуките за цените на струјата, на горивата, на енергенсите.

Кој е Ацо Ристов?

Поранешен градоначалник на ВМРО во Радовиш. Сопруг на судиката Данка Ристова која предходно беше избрана за членка на Судскиот совет.

И најважното, бизнисмен во енергетиката, со хидроцентрали, исто како Мицкоски.

Како сопственик на бизнис кој произведува струја и добива тарифи од државата, Ристов сега треба да носи одлуки во РКЕ кои ги диктираат токму тие цени и правила на пазарот.

Не е ова само конфликт на интереси, ова е бизнис операција која однапред била осмислена да се вклопи во бизнис мрежата на Мицкоски.

Ристов во изминтиот период се „ослободува“ од сопственоста во компаниите поврзани со изградба на мали хидроцентрали. Компанијата што носи стотици илјади евра годишна добивка, одеднаш менува сопственик. И ја презема сметководителка од Радовиш, тотално непозната за секторот.

Дали е ова случајно? Или е класичен пример на „чистење“ пред преземање на функцијата во РКЕ?

Ништо не е случајно, ова е внимателно плетена бизнис мрежа. Очигледно се знаело однапред.

Уште една алка во синџирот што СДСМ веќе го разоткри:

Почнувајќи од Адамовиќ, функционер на СНС, преку офшор структурите на Кипар и компаниите поврзани со енергетскиот бизнис, поврзаноста со „Руднап“, РЕК Битола, Развојната банка, Божиновска…

Сега во РКЕ.

Сите делчиња од својата мрежа Мицкоски ги намести.

Има свои луѓе од почеток до крај – од производство и увоз на струја, до продажба и банкарство.

Кој тоа ќе го плати? Народот.

Кога граѓаните ќе видат денеска високи цени на горивата, нека се сетат на бизнис мрежата на Мицкоски, кој ги предлага а кој ги добрува високите цени.

Кога ќе видат висока сметка за струја, тоа е позадината.

Сѐ е бизнис за Мицкоски.

 

прес СДСМ фрцковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.