Кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска цел ден денеска не се изјаснува по јавно објавениот документ дека 10 години има бугарско државјанство.
Каде се крие Арсовска? Цел ден молчи и наместо одговор од неа, стигна обид за одбрана од ВМРО-ДПМНЕ преку празно соопштение до медиумите, соопштија вечерва од СДСМ.
Во соопштението се вели:
– Јавно објавен документ докажува дека Арсовска во 2011 година се стекнала со буграско државјанство. Арсовска, кадар на Груевски и почесен конзул на Унгарија, треба да излезе пред јавноста и да каже од кои побуди и поради кои причини извадила бугарско државјанство. Кандидатка за градоначалник која е почесен конзул на Унгарија и државјанин на Бугарија, не може да работи за интересите на Скопје и неговите граѓани – велат од СДСМ и порачуваат:
„Затоа скопјани в недела на изборите ќе ги поразат Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ чија кандидатка е“.