Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар и проширување на истрагата

0
By Marija Todorovska on August 11, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски  и проширување на истрагата, истакна Јовица Јанковиќ од СДСМ на прес-конференција.

Фактите се јасни, началникот на Тошковски ги прекршил своите овластувања и ја злоупотребил својата положба спроведувајќи незаконска постапка и политички прогон против болна жена. Самото МВР ја призна неговата вина и го потврди она што СДСМ го говореше од првиот ден, дека началникот постапувал незаконски.

Сега никој нема нема право да го заташка случајот. Не е доволно само дисциплинска постапка пред внатрешна контрола. Основното јавно обвинителство треба да поднесе кривична пријава и да обезбеди процесуирање на началникот пред лицето на правдата, вели Јовица Јанковиќ.

Тој истакна дека доколку ОЈО тоа не го направи, ќе значи директна заштита на Мартиноски, а со тоа и на неговиот шеф Панче Тошковски.

Од СДСМ бараат истрагата на ОЈО да се прошири и да даде одговори на прашањето дали Мартионовски постапувал по налог на Тошковски.

Сомнежите се основани затоа што според информациите објавени во медиумите, Мартиноски претходно бил суспендиран од работа, наводно поради рекет. Но, тоа не било пречка за Тошковски, веднаш по доаѓањето тој го поставува Мартиновски за началник.

Понатаму, обвинителството мора да ја повери и целата незаконска постапка спроведена против директорката на училиштето во Демир Хисар. Сите што ги прекршиле законите мора да одговараат.

СДСМ бара ОЈО да покаже дека законот важи за сите, особено за началниците на Тошковски, и да стави крај на злоупотребите на полицијата во партиска служба на ВМРО-ДПМНЕ.

Полицијата мора да биде заштитник на граѓаните, а не средство за политички прогон и заплашување, истакна на прес конференција Јанковиќ од СДСМ.

јовица јанковиќ МВР началник овр демир хисар ОЈО Панче Тошковски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.