Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Буџетот е пред колапс а народот со празни џебови – против нови долгови за криминални тендери

0
By Zoran Ivanov on May 22, 2026 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 22, 2026 13:24

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор:

Со Мицкоски на власт се случува економска катстрофа и финансиски крах. Буџетот е во криза, снемува пари – власта неконтролирано се задолжува и трупа нови долгови за своите криминални тендери.

Последното барање на Владата за ново задолжување од 260 милиони евра, е уште еден доказ за дилетантскиот однос на Мицкоски.

Побараа 300 милиони евра од банки, но банките одобрија само 260 милиони евра со висока камата од 4,5%. Ова значи само едно – и банките се сомневат во фискалниот капацитет на државата .

Уште поважно прашање е за што се парите од задолжувањата?

Нема мерки за справување со ценовните шокови, нема повисока минимална плата, нема редовна исплата на плати по јавните институции, се доцни со социјалните трансфери.

Единствена влада во регионов, која ги остави граѓаните сами во сред криза, без реална и директна поддршка.Граѓаните плаќаат сè поскапо, а Владата нема ниту една сериозна мерка за заштита на стандардот.

Синдикалната кошничка достигна речиси 69.000 денари. Инфлацијата руши рекорди – дури 5,7%, а на голем дел од прехранбените производи и над 10% .

Доцни повратот на ДДВ кај компаниите – владата должи близу 20 милиони евра по основ на поврат на ДДВ.Тоа директно ја гуши економијата и ја намалува ликвидноста на стопанството.

Во индустријата која е столб на економијата се губат работните места – само за една година бројот на вработени е намален за 2,8%. Странските инвеститори ја заобиколуваат Македонија – за 60% е намалено нивото на странски инвестиции во државава, поради недовербата во владата, нереализираните реформи и влошената деловна клима.

Дефицитот се продлабочува – 85 % реализација на планираниот дефицит уште во мај – затоа фрчат нови задолжувања, нема пари во буџетот.

Ова е економски распад.

Наместо промена на политиката, владата на Мицкоски трупа само нови долгови, ја турка земјата во должничко ропство.

Нивото на јавниот долг влегува во црвена зона – 11 милијарди евра е во моментов долгот. За две години оваа влада генерираше нов долг од 2,5 милијарди евра – долг што ќе го враќаат идните генерации.

Овие пари не се за граѓаните – овие пари одат само за партиски тендери. И тоа е единственото нешто за што оваа власт е специјализирана – да крати од секоја ставка за народот, за да има повеќе за нивните криминални тендери и луксузи.

Затоа СДСМ се спротистави на ова ново задолжување. Нема да учествуваме во Комисијата за финансирање и буџет, а најавивме кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието.

Мицкоски и неговата криминална организација ВМРО катастрофално ја водат државата а цената за тоа ја плаќаат граѓаните, со празни џебови и празни фрижидери.

 

буџет колапс СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.