Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Де факто и де јуре – имаме чувство дека стравот му влезе длабоко во коските на Мицкоски!

0
By Zoran Ivanov on April 16, 2026 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 16, 2026 07:59

Соопштение за јавност – реакција на Мицкоски:

По изјавата на Христијан Мицкоски, во која повторно „имал чувство“ за идни процеси против функционери на СДСМ, одговорот е јасен и директен.

Откако ги постави своите луѓе на клучните позиции во судството и обвинителството, сега, кога самиот тој станува предмет на интерес на меѓународни истраги, Мицкоски почнува, преку злоупотреба на институциите, да се обидува да ги сокрие вистинските процеси поврзани со криминал и корупција од јавноста.

Повторно „нарачува“ процеси преку медиуми, мислејќи дека со тоа ќе нè исплаши и ќе ја запре нашата борба против неговата криминална организација.

Исто како и порано, сега ја повторува истата матрица – само што овој пат неговото „чувство“ го диктира стравот.

Имаме чувство дека стравот му влезе длабоко во коските на Мицкоски!

Имаме чувство дека Европското обвинителство веќе го има предметот за Орбановите бизнис-комбинации, во кои е вмешан и самиот Мицкоски.

Имаме чувство дека граѓаните на Македонија многу наскоро ќе чујат шокантни детали за договорите Орбан–Мицкоски–Вучиќ на Балканот.

Имаме чувство дека ќе дознаат како се трошеле парите на македонските граѓани – преку какви кредити, медиуми, телекомуникации и инфраструктурни проекти.

Имаме чувство дека ќе стане збор и за перење пари преку одредени финансиски институции.

Ова, сепак, е само чувство.

Но, де факто и де јуре знаеме дека за сето ова ќе мора да се одговара – пред домашното и пред меѓународното правосудство.

Наместо да им задава задачи на своите обвинители преку медиуми, за да има материјал за својата таблоидна мрежа (од Орбан), нека се подготви да ги објасни своите сопствени врски со криминалниот режим на Орбан, бидејќи наскоро ќе му требаат пред суд.

СДСМ останува на ставот дека сите мора да бидат еднакви пред законот – вклучително и оние кои денес седат во премиерската фотелја и се обидуваат државата да ја користат како штит за своите бизнис-комбинации, како и сите оние кои државните институции ги користеле за лична и партиска корист.

Имаме чувство дека Мицкоски го чека истата судбина како и Груевски, само што овој пат ќе мора да се соочи со неа – дали како Ванчо, ќе видиме!

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

 

Мицкоски садм соопштение
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.